• Latest

ЦИВИЛ: Борбата за човековите права и слободи продолжува!

December 10, 2020
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЦИВИЛ: Борбата за човековите права и слободи продолжува!

December 10, 2020 10:37
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ им го честита 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија и на светот и порачува: Борбата за човековите права и слободи продолжува!

Меѓународниот ден на човековите права, е повик за вклучување на сите граѓанки и граѓани во бескомпромисна борба  во одбрана на човековите права и слободи. На овој ден ЦИВИЛ ги повикува институциите да манифестираат максимална одговорност и посветеност и ги потсетува дека човековите права и слободи се нивна прва и најголема обврска.  Во духот на слободата, солидарноста и толеранцијата, ЦИВИЛ повикува на почитување и заштита на човековите права и слободи.

Обврска на секое општество, на сите институции на локално и национално ниво, на сите носители на одлуки, сопственици на бизнис и на сите луѓе е да ги почитуваат човековите права и слободи. Секој човек ги има истите човекови права и слободи како и сите други луѓе во светот, само затоа што е човек. Човековите права и слободи се неотуѓиви – никој не може да ги даде или да ги одземе, бидејќи тие веќе му припаѓаат на секој човек!

Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човекови права во Париз, на 10 декември 1948 година. Декларацијата произлезе од мрачното искуство во Втората светска војна и потребата за заштита на основните права на човекот. Првиот член на Декларацијата „сите луѓе се раѓаат слободни и рамноправни во достоинството и правата“ потенцирајќи дека со самото раѓање, секој човек се стекнува со сите права опишани во Декларацијата.

Оваа година човековите права и слободи беа под сериозна закана од глобалната здравствена криза со Ковид-19. Освен правото на здравствена заштита подеднаква за сите, во многу земји во светот страдаа и слободата на говор, на медиумите, правото за навремена и објективна информираност. Пандемијата сѐ уште е предизвик за човековите права и слободи укажувајќи на кревкоста на човештвото, рамноправноста и достоинствено живеење.

ЦИВИЛ оваа година, во име на слободата и бескомпромисната борба за заштита на човековите права, а по повод Меѓународниот ден на човековите права, организира Фестивал на слободата кој опфаќа голем број учесници кои говореа и ќе говорат деновиве на голем број настани, панел дискусии и конференции. Дел од темите се: изборните реформи и гласачкото право, пандемијата и инфодемијата, социјалната правда и дискриминацијата, како и низа теми во доменот на човековите права и слободи. На панел дискусиите и конференциите се поканети експерти, граѓански активисти, високи владини претставници, претставници на медиумите и други.

ЦИВИЛ  денеска, 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, ја организира Конференцијата за човекови права, правда и антикорупција „Следна Станица: Европа“ во две сесии, во 12 и 13:30 часот. Првата сесија од конференцијата е со наслов „Правда и владеење на правото“, а втората „Борба против корупцијата“.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да го одбележат Меѓународниот ден на човековите права и заеднички, во активистички дух, да испратат силна порака за почитување на човековите права и слободи, секаде и без исклучок.

Еден од клучните документи по кои се води ЦИВИЛ е токму Универзалната декларација за човекови права. Затоа и не е случајност што ЦИВИЛ, во областа на граѓанските и политички права, поведе иницијатива за прогласување на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, како Ден на човековите права во нашата земја кој нема само пригодно да се одбележува од граѓанските организации, туку ќе биде ден на промоција и отчет на институциите и политичките структури за нивните напори и активности за подобрување и промоција, како и активно делување во духот на почитувањето  на човековите права и слободи.

ЦИВИЛ тим за комуникации

 


Оваа содржина е соопштение на ЦИВИЛ. Преземањето и споделувањето е пожелно.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ