• Latest

Маричиќ: Ако сакаме да успееме и да станеме модерна европска држава мора да има правда која ќе биде еднаква за сите

December 10, 2020

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025

Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

October 11, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Маричиќ: Ако сакаме да успееме и да станеме модерна европска држава мора да има правда која ќе биде еднаква за сите

December 10, 2020 12:41
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

„Меѓународниот ден на човековите права го прославуваме за да ја испратиме најзначајната порака дека сите луѓе се исти пред законот и сите имаат право на еднаква законска заштита. Целокупната работа на Министерството за правда е во насока на заштита и унапредување на човековите права, а особено значајна е еднаквоста пред законот“, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ на Конференцијата за човекови права, правда и антикорупција „Следна Станица: Европа“ во организација на ЦИВИЛ.

Маричиќ истакна дека поголема заштита на човековите права може да се обезбедат единствено со независни и непристрасни судови и обвинителства, кои ќе бидат ослободени од какви било влијанија.

„Се наоѓаме на самиот крај на подготовката на стратегијата односно методологијата за прочистување на судството и обвинителството. Не случајно го спомнувам овој процес како еден од клучните за изградба и враќање на независноста и непристрасноста на правосудниот систем, што претставува основна претпоставка за владеењето на правото затоа што правдата значи заштита на човековите права.  Потребно е да утврдиме временска рамка односно рокови во кои ќе се изврши ова прочистување и ќе се одвојат чесните од нечесните судии и обвинители. На 28 декември Советот за реформи во правосудството ќе ја усвои Методологијата по која ќе се изврши прочистувањето преку која Судскиот совет и Советот на јавни обвинители како одговорни тела ќе направат прочистување во своите редови“, вели Маричиќ.

Министерот додава дека многу меѓународни извештаи конкретно посочиле за одредени состојби во правосудството, за која е потребно да се види дали има намерно заташкување на предмети, намерно нивно застарување, неправедно постапување или недоволна заштита.

„Не случајно Европската комисија има зборови токму за проактивната улога на судскиот совет. Ова се однесува особено во делот на примената на новите правила за именување и унапредување на судиите, како и за утврдување на дисциплинската одговорност и нивно евентуално разрешување. Во периодот од 2019 и 2020 година се разрешени 8 судии, а согласно информациите од судскиот совет има постапки за уште 83.  Ако сакаме да успееме и да станеме модерна европска држава правда едноставно мора да има и тоа еднакво за сите. Само така може да се зголеми довербата на граѓаните во судството и обвинителството“, додаде Маричиќ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ