• Latest

За седум дена инспекциксите служби извршија 4.635 контроли, да се почитуваат протоколите

December 10, 2020

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

За седум дена инспекциксите служби извршија 4.635 контроли, да се почитуваат протоколите

December 10, 2020 16:39
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 4.635 контроли и надзори извршиле шесте инспекциски служби во периодот од 30 ноември до 6 декември годинава. Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) извршиле вкупно 3.129 контроли и 490 вонредни инспекциски надзори, од кои  најголемиот број се поврзани со почитување на протоколите за отворање и работа на угостителски објекти и кафетерии.

Како што соопшти денешната прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска, врз основа на извршените  контроли во различни видови на субјкети од страна на пазарните инспектори изречени се 30 прекршочни пријави и по 44 решенија и  прекршочни платни налози врз основа на материјалните закони по кои постапува овој инспекторат.

– Врз основа на Законот за заштита на  населението од заразни болести пазарните инспектори донесоа четири решенија за забрана за работа на четири угостителски објектии, и тоа три во Скопје и еден во Гостивар, во кој констатирале дека не се почитува протоколот, во смисла дека работеле по 21 часот и со повеќе гости на маса отколку што е дозволено. За овие правни лица и за одговорите лица изречени се и соодетни прекршочни платни налози, рече Филиповска Грашкоска.

Државниот инспекторат за труд, како што рече, во текот на  минатата недела реализираше 489 надзори кај работодавачи при што се донесени 18 решенија за констатирани неправилности од областа на работните односи. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести во пет случаи се констатирани минимални прекршувања на протоколот за превентивни мерки за сите работни места за што инспекторите изрекле соодветна мерка – опомена. 

Во истиот овој период, Државниот инспекторат за транспорт извршил 52 надзори при што за утврдените неправилности се изречени две прекршочни пријави, две решенија и три прекшочни платни налози согласно материјалните закони. Од двете прекршочни пријави, една прекршочна пријава е поднесена поради непочитување на Законот за заштиа на население од заразни болести, или поконкретно за непочитување на протоколот за меѓународен превоз за патници на граничниот премин  Деве Баир. 

– Државниот здравствен и станитарен инспекторат (ДЗСИ) покрај активностите поврзани за издавање на 12.294 решенија за самоизолација на заболени лица од коронавирусот, како и лица коишто биле во контакт со заболено лице, спроведе и вкупно 92 надзори во субјекти од нивна надлежност во врска со почитување на протоколите за заштита на медицинскиот персонал, за прием и постапување со инфицирани пациенти  со коронавирус при што донесени се 16 решенија  за констатирани неправилности, рече Филиповска Грашкоска.

Агенцијата за лекови, пак, во периодот од седум дена извршила 25 надзори во однос на проверка на податоци за формирани цени на заштитни средства од коронавирус, при што не се констатирани одредени неправилности. 

Агенцијата за храна и ветеринарство во истиот период спровела 318 надзори во повеќе градови низ дражвата, во маркети, угостителски објекти, месарници и производствени објекти, врз основа на Законот за заштита на населението од заразни боелсти и Законот за безбедност на храна. При овие надзори констатирани се неправилности, во однос на неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање и чување на производи за што се донесени пет решенија и извршени 19 едукации. 

Државниот инспекторат за животна средина минатата недела спровел 40 надзори, согласно материјалните закони од областа на животната средина. Притоа за констатираните неправилности изречени се две прекршочни пријави за незаконско црпење песок и чакал од речно корито и 15 решенија кои главо се однесуваат на задолжување за мерење на емисиите во возудхот од страна на акредитирана лабораторија. 

– Свесни сме дека општествената битка против коронавирусот продолжува, таа не смее да застане ниту еден момент, а инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на ковид протоколите. Тоа значи дека инспекциските служби имаат и ќе продлжат со интензивни активности на територијата на цела држава. Многу е важно стопанствениците максимално да ги почитуваат донесените протоколи за работа, а уште поважан е свесноста на граѓаните кои исто така треба да реагираат и да пријавуваат во случај на непочитување на протоколите од страна на правните лица, но и да ги применуваат мерките за самозаштита, истакна Филиповска Грашкоска. /МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ