• Latest

Пакетот рестриктивни мерки на Комисијата за заразни болести на седница на Владата

December 15, 2020

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Пакетот рестриктивни мерки на Комисијата за заразни болести на седница на Владата

December 15, 2020 09:41
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Владата денеска на седница ќе ги разгледа предлозите на Комисијата за заразни болести и на Главниот штаб. Комисијата за заразни болести реши да и препорача на Владата нов пакет рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во претстојниот период на празници. Се предлага угостителските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо во 21 часот и да нема групирања дома и на отворено.

Препораките за рестриктивни мерки се насочени на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препораки кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти.

Според анализите на Министерството за здравство, претходните мерки веќе даваат резултати, а репродукцискиот број (R0) или факторот на репродукција, кој на почетокот на ноември беше 1,5, сега е под 1, поточно 0,95.

Намалување на новозаразени беше забележано во претходното деноноќие. Вчера беа забележани нови 213 случаи на заразени си коронавирусот од направени 741 тестирања, 26 починати и 632 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73851, бројката на оздравени пациенти е 50046, на починати е 2147, а бројот на активни случаи изнесува 21658.Најмногу активни има во Скопје – 11307, следи Тетово – 976, Прилеп – 893, Битола – 843.

На инфективните оддели во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 1331 пациент, од кои во Скопје 505 и има околу 170 празни болнички кревети. Најмногу хоспитализирани има на Клиниката за инфективни болести, каде што лежи 151 пациент, а во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 113 болни од Ковид-19.

На инфективното одделение во Куманово се лекуваат 108 пациенти болни од Ковид-19, во ковид – центарот во Прилеп хоспитализирани се 106 пациенти, а во Охрид 100.

Ковид-19, една од главните теми, во првите 100 дена од мандатот на новата Влада, одбележани вчера.

– Целосно сме насочени кон поуспешно справување од здравствената криза предизвикана од Ковид-19. Направивме реорганизација на здравствениот систем, каква што не се случила во историјата за одговор на пандемијата и успешно го амортизиравме силниот есенски бран. Ги активиравме и направивме ротација на сите здравствени работници, план кој беше подготвен уште во летото. Ги ставивме сите ресурси во заштитата на здравјето на граѓаните, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој потенцира дека донеле одлука да ги наградат сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од коронавирусот, го зголемиле и бројот на тестирања од Ковид-19 и го подигнале на речиси 3000 дневно.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека очекува кога земјите-членки на ЕУ ќе ја имаат вакцината и ќе почнат да ја употребуваат, тогаш и кај нас да почне да се користи.

– Набавките на вакцините против Ковид-19 ќе ги прави нашата земја директно преку Министерството за здравство и никој друг. Првиот механизам е Ковакс во кој се влезени 127 земји каде рамноправно насекаде временски еднакво треба да стигне вакцината. Втората наша надеж е од земјите-членки на ЕУ. Тоа се напорите на ЕУ кога ќе се пушти вакцината да се имплементира во нејзините земји-членки, ќе се имплементира и во земјите од Западен Балкан. Такви напори прави ЕУ. Грција исто така има направено нарачки освен за нив и за нас, истакна Заев, на вчерашната прес-конференција на која ги презентираше остварувањата од работењето на Владата во првите 100 дена.

Во однос на вакцинацијата, министерот Филипче при гостување на Сител телевизија потенцираше дека изминатиот период интензивно се работеле на координација и подготовка на здравствениот систем за вакцинацијата против Ковид-19.

Филипче информираше дека преку три механизми државата бара по 800 илјади дози вакцини, а целта е да се вакцинира 60 до 70 отсто од населението, повторно нагласувајќи дека први за вакцинација ќе бидат здравствените работници, посебно оние кои работат со ковид пациентите, понатаму повозрасните граѓани над 65 години, пациентите со хронични болести, пред се оние со хронични болести на белите дробови и срцето.

Министерот потенцираше дека вакцината ќе биде бесплатна за граѓаните и на доброволна основа, но со цел да се подигне свеста за потребата од вакцинација, се подготвува кампања и ќе бидат преземени сите мерки, вклучително и повикување на одговорност за оние кои ќе шират лажни вести во врска со неефикасноста на вакцината или нејзината поврзаност со некои болести.

– Видовме и бевме сведоци на силна антиваксерската кампања минатата година за време на епидемијата со морбили. И тогаш имавме сериозен проблем. Но сега, повеќе од било кога е јасно какви се ефектите и последиците од болест за која немаме вакцина, посочи Филипче.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ