• Latest
Добро утро со Орданоски

Македонскиот евро-интегративен зен-будизам

December 17, 2020

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Македонскиот евро-интегративен зен-будизам

December 17, 2020 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Професионално да се следи македонскиот евро-интегративен пат во последните две-три децении е ѓаволски неблагодарна работа. Разочарувањата и регресиите се сто пати почести од ретките прилики за радост и прослава на некој мал исчекор во прогресивна насока. Па, и кога го има, треба да сте експерт за дипломатски алхемиски формули за производство на унца сребро од еден тон ламарина, бидејќи и само ако ве фати куса дремка може да ви се случи позитивната вест незабележливо да ве одмине, пред да мора повторно да се заглибите во буништето на европското политичко лицемерие накитено со барок и прекриено со слоеви пудра, во недостаток на обичен сапун за одржување на елементарната морално-политичка хигиена.

Во Брисел, во Дирекцијата за проширување на ЕУ, уште пред дваесетина години мораше да се отвори Центар за зен-будизам со специјална програма за духовни медитации со кои кандидатите за влез во Унијата ќе се третираа за намалување на стресовите и фрустрациите. Или тоа – или да се востановеше специјален европски фонд за користење на услугите на бриселскиот ред-лајт-дистрикт (превод на македонски: „зад зградата на МТВ“) со кој би се рефундирале трошоците за третманот на евро-интегративната депресија.

Кој не станал циник во меѓувреме, тој треба да го провери материјалот од кој му се направени нервите: или се од челик, или од некаква вештачка синтетика што, во прекумерна наслага, би го уништила и најотпорниот животински свет на темната длабочина на океаните, каде што е потоната европската интегративна стратегија.

Има и алтернатива на тоа: да развиете огорченост и антиевропски стојалишта со кои ќе распалите во јавноста, на социјалните мрежи, по домашните слави, во кафеана и на медиумите (што е често – исто) и по прес-конференции, и со гушт да ѝ ги спомнете сите поблиски и подалечни роднини на „курвата Европа“, таа Мајка на сите дволичности, неправди, подлости и порази. Така е и полесно, речиси без ризик: 99 од 100 случаи ќе бидете во право, а и кога ќе се случи нешто добро, никој нема да забележи дека сте во криво. Кратко ќе трае, самата Европа набрзо ќе се демантира и – пак може да се продолжи со натпреварот во плукање. Чиста работа.

Што е најважно (а и најмногу нервира сите овие години!), ретко ќе најдете ЕУ-функционер кој, во напад на ретка искреност, нема да ви признае дека сте во право. Политиката на Европската Унија функционира според принципот на бесконечни плими и осеки во спроведувањето на интересите на Унијата, стрпливо чекајќи „тивката вода“ да ги одрони „карпите“ што му стојат на патот на општиот консензус. Како деца на плажа што ѕидаат замоци од песок, до следната плима.

(За разлика од смотаниве во Европа, Американците му влегуваат на брегот со багери и ги делкаат карпите пред следната плима и да се свести дека нема што да поткопува… Ама тоа е друга приказна.)

Значи, време е за повторно, барем неколкумесечно македонско евро-интегративно кулирање. Софија е овластена за обезбедување секојдневна забава, додека повторно ги облекуваме рибарските чизми за да згазиме на буништето на европската интегративна политика. Повелете, сите коментари се дозволени за национална утеха и враќање на изгубениот спокој… Додека го чекаме багерот.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ