• Latest

Филипче: Р0 факторот на трансмисија на вирусот се намалува, но сепак сме внимателни

December 18, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Р0 факторот на трансмисија на вирусот се намалува, но сепак сме внимателни

December 18, 2020 16:39
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Неделните пресеци укажуваат на тоа дека Р0 факторот на трансмисија на вирусот се намалува, но внимателни сме затоа што се можни изненадувања, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче во обраќањето на Tематскиот форум „Справување со кризата со (не)доволни ресурси“, организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка и Цивика мобилитас. 

Според него, неблагодарно е да се каже дали ова ќе биде тренд или ќе продолжи да се шири. 

– Доколку продолжи вака како што е изминативе неколку недели – да, ќе биде тренд, но внимателни сме затоа што се можни изненадувања, затоа што очигледно овој вирус не го прати моделот на вируси од истата група на вируси во кои се јавува. Имавме еден тренд на стабилизација прво, па сега и намалување и внимателни сме, пратиме како ќе биде овој период пред нас, рече Филипче. 

Тој потенцира дека не може да има еден идентичен проткол за лекување од оваа болест. 

– Секој пациент треба да биде воден од самиот матичен лекар. Мора да се направи проценка врз основа на клиничката состојба на пациентиот, затоа што видовме многу сценарија за оваа болест што уште еднаш не враќаат на заклучокот дека имаме работа со непознат вирус, рече Филипче. 

– Веднаш потоа би укажал дека како Главен штаб во акцискиот план е предвидено и зајакнување на надзорот и контролата за почитувањето на мерките, но и препораките и ова спаѓа и во делот на Министерството за внатрешни работи и во делот на некои инспекции како што е државната пазарна инспекција, додаде Ангелов.

Тој појасни дека работат и на вклучување на сили од страна на Армијата.

– Знаете дека со наредба на врховниот командат поради прогласената кризна состојба, дадена е наредба за помагање од Армијата и би го укажал првиот сегмент, а тоа е помагање на секторот здравство, односно на јавното здравство во кое се вклучени 15 армиски доктори, односно 15 доктори од Министерството за одбрана, 22 сестри и пет возачи со пет возила кои се вклучени во Итната медициска помош, додаде тој.

Ангелов додаде дека Армијата ја има улога за поддршка на полицијата во обезбедеување на ковид-центрите.

Како што информира тој, во Скопје се ангажирани осум припадници на полицијата и 22 припадници во Армијата или вкупно 30. На ниво на држава има 19 полицајци и 33 припадници на Армијата или вкупно 52.

– Денес во овој момент околу 80-тина припадници на полицјата и армијата работат на обезбедување на ковид-центрите, но и на други здравствени установи кои се побарани од министертвото за здравство, посочи Ангелов./МИА

 

Во однос на тестирањето, според Филипче, брзите тестови кои се на располагање малку ја променија сликата и најави дека ќе биде дистрибуирано дополнително количество тестови. 

– Имаме некои најави дека има некои специфични лекови, тоа се оние специфични моноклонални антитела кои директно помагаат за оваа болест. Ни се понуди и аплициравме, ЕУ ни понуди да бидеме дел од заедничката набавка тогаш кога ќе биде на располагање. Така да влеговме во тој систем, доколку тој лек се потврди за да биде конкретно наменет, заклучи Филипче. 

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во своето обраќање на форумот посочи дека Главниот штаб работи според акциски план чија основна надлежност е борбата против Ковид-19, намалување на ширењето на заразата и бројот на болни, за да се намали притисокот врз здравството во нашата држава.

Тој посочи дека едно од основните цели во овој акциски план е и подигање на јавната свест и совест на населението за почитување и примена на мерките и препораките за лична заштита.

Според него, невладиниот сектор има голема улога во јакнење на јавната свест, а очекува во иднина и да биде уште поголема.

Ангелов истакна дека на седниците на главниот штаб и главниот кооординативен кризен штаб доаѓаат до заклучок дека одредени мерки мора да останат на ниво на препораки, бидјеќи доколку бидат воведени забрани, тие би се коселе со одредени слободи и права на граѓанинот кои се предвидени во Устанот, како што беше на пример забрана за собирање на повеќе од четири лица.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ