• Latest

Угостителите со иницијатива пред Уставниот суд по новите рестриктивни мерки

December 19, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Угостителите со иницијатива пред Уставниот суд по новите рестриктивни мерки

December 19, 2020 10:05
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Новите рестриктивни мерки кои ќе важат до 20 јануари стапија на сила од вчера. Со нив, меѓу другото, се ограничи работењето на угостителските објекти до 18 часот, наместо до 21 часот. Тие, пак, поднесоа иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста од ваквата одлука на Владата.

– Ја поднесуваме оваа иницијатива се со цел да укажеме на неправилностите на селективната политика што се води кон угостителската индустрија, надевајќи се дека Уставниот суд ќе реагира брзо и дека ќе имаме можност уште наредната недела да го вратиме последното работно време се со цел новогодишните празници да ги испратиме како што треба, изјави претседателот на Независната угостителска комора Здравко Јосифовски.

Комората бараше итна средба со Владата на која би се разговарало за новите рестриктивни мерки и за дополнителна финансиска помош за угостителскиот сектор.

– Никој не ја спори мерката, ја почитуваат сите угостители максимално, проблемот е што мерката не е пропратена соодветно со надомест на штета со правото кое ни е ограничено да можеме нормално да работиме и со кое ни е одземено, а согласно Уставот сите сме еднакви и рамноправни, рече Здравковски.

Проценките на угостителите се дека со оваа најнова мерка ќе имаат штети од околу 20 милиони евра.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера повтори дека се планира средба со угостителите и изрази уверување дека ќе се најде решение за да може дополнително да го помогнат овој сектор во првиот квартал од следната година.

– Нашата главна цел е да се поддржи туристичкиот сектор во нашата држава. Јас сум задоволен со искористување на ваучерите, имајќи предвид дека 400 милиони денари веќе се слеани во нашите сместувачки капацитети, а дополнително на тоа уште еднаш се покажа дека Министерството за економија ги прави проекциите согласно реализацијата, рече вчера Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање. Истакна дека и досега со анткризните мерки е поддржан овој сектор.

Вчера Пазарниот инспекторат на прес-конференција во Владата информираше за непочитување на мерките од страна на одредени угостителски објекти. Директорот на Инспекторатот Стојко Пауновски обелодени дека инспекторите имале полни раце работа и оти само за една вечер се затворени три угостителски објекти кои работеле по 21 часот и едно јога студио.

Во  локалот „Мош“, кој бил отворен, иако привремено бил запечатен, интервенирала и полицијата.

Треба да им служи на чест на оние кои ги организираат и се сопственици на тие угостителски објекти. Во записниците стои дека работеле и во 23 часот, заедно со полицијата е правена контролата. Истиот субјект е казнет и по претходниот закон кога поднесувавме кривични пријави и беше затворен. Ова е по новиот закон, и во зависност од големи, мали или средни претпријатија, казните се од 3.000 до 30.000 евра и плус 1.500 евра за физичкото лице. Во рок од три дена, сега казните ги доставува директно ДПИ преку платни налози, а објектот ќе биде затворен од 10 до 30 дена, рече Пауновски.

И за претседателот на државата Стево Пендаровски попоразително е тоа што санкционирани објекти ги кинат пломбите и повторно работат, отколку тоа до колку ќе работат угостителските објекти.

–  Мене повеќе ми пречи тоа што еднаш санкционирани објекти кинат пломба и работат, навредуваат полиција и државни органи. Не ми се допаѓа имплементацијата на мерките. Не смееш да симнеш пломба на објект којшто е затворен затоа што претходно било докажано дека ги кршиш здравствените протоколи. Ова според мене е попоразителен факт отколку тоа дали објектите ќе бидат затворени во 21 или 18 часот, рече Пендаровски во вчерашното интервју за телевизија Канал 5.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ