• Latest

Преглед на колумни во Слободна зона на ЦИВИЛ МЕДИА за изминатата работна недела

December 19, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преглед на колумни во Слободна зона на ЦИВИЛ МЕДИА за изминатата работна недела

December 19, 2020 14:12
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Изминатата работна недела на ЦИВИЛ МЕДИА во рубриката СЛОБОДНА ЗОНА, како и обично, се објавија интересни колумни со многуслојни тематски содржини. Во продолжение е прегледот на колумните со кратки извадоци.

„Секој почетник во сферата на односите со јавност ќе ви каже дека, до сега, г. Антонио Милошоски требаше барем три пати да излезе и јавно да ги демантира тврдењата, шпекулациите и алузиите, кои непрестано се повторуваат во Македонија и во Бугарија, дека поседува бугарски пасош. Тоа е неопходно не само затоа што претседава со Комисијата за надворешна политика во Собранието, а е член и на Комисијата за европски прашања, туку и бидејќи е еден од најгласните критичари на политиката на Македонската влада во однос на бугарското евро-интеграциско вето за нас“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Антонио Милошоски е на потег“.

„Пред една година во ова време завршуваше уште една турболентна година на политичката сцена во Македонија, како што впрочем беа и изминатите неколку пред нив, но Македонија стана членка на НАТО и со право и сосема заслужено очекуваше да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ како вовед во 2020 година како година која по најавите на владата и на премиерот требаше да биде посветена на економските политики кои ќе овозможат забрзан економски раст“, пишува Перо Наумовски во колумната „Уште една изгубена економска година, како понатаму?“.

-Повторно сме сведоци – којзнае кој пат по ред – на уште една погрешна калкулација на ВМРО-ДПМНЕ: врз основа на бугарското евро-вето за Македонија, се обидуваат да направат политички профит за себе! Бреее, целово опозициско раководство треба да се вратат во второ-трето одделение каде што се учи политика, негде околу усвојувањето на азбуката, бидејќи е неверојатно како не успеваат да антиципираат елементарни работи во професијата со која, наводно, сериозно се занимаваат, пишува Сашо Орданоски во колумната „Политички аналфабети“.

-Национализмот, националистичките  пројави, ксенофобијата, се стари алатки кои се уште функционираат и во овој современ свет. Ние овде, мнозинството од нас во републоика Северна македонија, со сите сили и со сите надежи се стремиме кон  Европа. Поточно, спрема европските демократски и поцивилизациски вредности. Иако, знаеме, слушаме, гледаме дека и самата таа обединета Европа не е имуна од спомнатите атрибути. И таа се уште ги има во себе рецидивите, опашките од минатите времиња претрупани со пизми по  етничка, по национална  основа. И таму, посебно во земјите од балканскиве простори и самите држави се се`уште јавно или премолчно подржувачи на разно разни задоцнети национализми, на пример. Но нашиот репер се општествата релаксирани од таквите ксенофобии, од омрази на етно национална снова. Па, каде сме ние и на каде се движиме?-, пишува Зоран Иванов во колумната „Нека цветаат сите цветови“.

Македонската европска иднина во служба на бугарските интереси поенти на Џевдет Хајредини.

„Професионално да се следи македонскиот евро-интегративен пат во последните две-три децении е ѓаволски неблагодарна работа. Разочарувањата и регресиите се сто пати почести од ретките прилики за радост и прослава на некој мал исчекор во прогресивна насока. Па, и кога го има, треба да сте експерт за дипломатски алхемиски формули за производство на унца сребро од еден тон ламарина, бидејќи и само ако ве фати куса дремка може да ви се случи позитивната вест незабележливо да ве одмине, пред да мора повторно да се заглибите во буништето на европското политичко лицемерие накитено со барок и прекриено со слоеви пудра, во недостаток на обичен сапун за одржување на елементарната морално-политичка хигиена“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Македонскиот евро-интегративен зен-будизам“.

„За Македонија да стане држава во значењето кое овој поим го има на актуелното цивилизациско ниво од развојот на човештвото, меѓу другото треба:

– министрите да научат да работат со министерствата, а не со неколку свои другарчиња (во моментов најголем број од министрите немаат појма од содржината со која се бави конкретното министерство, немаат искуство во организацијата на работата, не знаат што да прават со вработените, соработуваат со еден-двајца, а најблиски соработници им се вообичаено техничката секретарка и шоферот)…“, пишува Мирјана Најчевска во колумната „Cessante ratione legis cessat ipsa lex“.

„Последната недела, некако во јавноста како да преовладува терминот фотелја, а тој предмет не е ништо повеќе од добро заштитен обичен стол со меки делови за подобра удобност на корисниците. Е, таа удобност стана свет тотем на исполнување на идеалите во нашата држава. Седнувањето е идеал а станувањето од нив е трагедија со епски размери и повеќестрани последици. За да не мудруваме премногу, ќе ви раскажам една приказна за мојот чичко Андреј од Ново Село од која може и по нешто да се научи“, пишува Војо Маневски во колумната „Стоење, седнување, станување“.

„Нашиот напор да отвориме преговори за зачленување во ЕУ станува драма што не можеше сосема да се предвиди. Бугарската влада, според сите евро-атлантски реакции (речиси без значаен исклучок) толку ја оплеска не само заради ветото кон Македонија (а и Албанија), туку уште повеќе и заради недоделканите „историски“ причини за тоа вето, што во Брисел вчера се случи европски преседан: Чешка и Словачка – во заедничко соопштение на нивните министри за надворешни работи! – го спречија донесувањето на Заклучоците на Советот за проширување, предложени само ден порано“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Искршен порцеланот во кабинетот на г-жа Захариева“.

„Да ви раскажам едно стрипче што го објавија Научниците за ЕУ на својата Фејсбук страница. Првата табла од стрипот носи наслов „Податоци“ и на неа има десетина расфрлени кругчиња. На втората, „Информации“, некои кругчиња се обоени во сива, а некои во зелена боја. На третата, „Знаење“, кругчињата со различни бои (информации) се меѓусебно поврзани во одредена схема. Четвртата е со наслов „Разбирање“, каде што две кругчиња на различни страни светат. На петтата табла, со наслов „Мудрост“, се гледа патека од светлина која ги поврзува двете најсветли точки. Шестата носи наслов „Теорија на заговор“, а кругчињата се поврзани во еднорог“, пишува Џабир Дерала во колумната „Податоци, знаење, мудрост… Еднорог!“.

Мала анализа на Концепцијата за основното образование од 2020 година. Во колумната на Мирјана Најчевска „Неколку лаги и неколку вистини за новата концепција за основното образование“.

Д.Т.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ