• Latest

Податоци, знаење, мудрост… Еднорог!

December 18, 2020

24 ЧАСА: Пожарите земаа две жртви, Армијата се приклучи во гаснење; Членството во ЕУ е најсилна гаранција за заштита на идентитетот и јазикот; Продолжуваат руските напади врз Кијив; Една од фазите на геноцидот во Сребреница е негирањето

July 10, 2025

На конференцијата во Рим ветени 10 милијарди долари за обновата на Украина

July 10, 2025
Пожари 2025

Тројца малолетници фатени со бензин и петарди кај Илинден – можна поврзаност со пожарите во Скопје

July 10, 2025

Во Македонија гор(д)и, чао Европо

July 10, 2025
Фотгорафија: Конференција за обнова на Украина

Конференција за обнова на Украина: Инвестиции и меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина

July 10, 2025

По 14 години се гаси ТВ „Ал Џезира Балканс“

July 10, 2025
Украина, 10 јули 2024
Фотографија/ X, Лариса Дир

Лариса Дир: Потребно е да се зајакне противвоздушната одбрана и да се зацврсти Коалицијата на оние што сакаат да го зауздат злото од Кремлин

July 10, 2025
Адмир Лисица (фото извор: ФБ профил)

Лисица: Геноцидот и територијалната експанзија кон Босна и Херцеговина

July 10, 2025
ЕП

Европарламентот со убедливо мнозинство ја одби иницијативата за недоверба на Еврокомисијата

July 10, 2025

Триесет години по геноцидот: Кој сѐ е осуден за злосторствата во Сребреница?

July 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ВЕКТОР

Податоци, знаење, мудрост… Еднорог!

Во „нормалниот свет“ нема лидери на парламентарни партии што се означени, со име и презиме, како извори на дезинформации. За разлика од „нормалниот свет“, нашево општество е „богато“ со приучени фолиранти на кои идоли им се криминалци, убијци и диктатори.

December 18, 2020 08:42
in ВЕКТОР, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Да ви раскажам едно стрипче што го објавија Научниците за ЕУ на својата Фејсбук страница. Првата табла од стрипот носи наслов „Податоци“ и на неа има десетина расфрлени кругчиња. На втората, „Информации“, некои кругчиња се обоени во сива, а некои во зелена боја. На третата, „Знаење“, кругчињата со различни бои (информации) се меѓусебно поврзани во одредена схема. Четвртата е со наслов „Разбирање“, каде што две кругчиња на различни страни светат. На петтата табла, со наслов „Мудрост“, се гледа патека од светлина која ги поврзува двете најсветли точки. Шестата носи наслов „Теорија на заговор“, а кругчињата се поврзани во еднорог.

Интересно е да се види и дискусијата која се развива под тој пост со 8.300 реакции, 5.300 споделувања и 280 коментари. Дискусија за милина. Ниедна пцовка, ниту еден навредлив збор, иако може да се прочитаат дијаметрално спротивставени мислења и ставови, вклучително и на приврзаниците на теориите на заговор. И многу духовити досетки, меѓу кои може да се издвојат и неколку Шкотланѓани кои „малку“ излегуваат од темата, но се шегуваат колку на сметка на Брегзитот, толку и на своја сметка.

Во еден коментар се прави аналогија на стрипчето, па вели: Знаење е кога се знае дека Франкенштајн не е чудовиштето, но мудрост е кога се знае дека самиот Франкенштајн е, всушност, чудовиште. Или: Знаење е кога знаете дека патлиџанот е овошје, но мудрост е кога не го ставате во овошна салата. Забележав и дека профилите што коментираат се реални луѓе, со име и презиме.

Можете да прочитате и коментари за тоа дека коронавирусот не постои, дека цртачите на стрипот всушност ја нацртале шемата на 5Г на таблата кај мудроста, па и низа други наивни и помалку наивни промашувања на темата или „бунтовнички“ и антинаучни ставови. И пак читам – нема непристојности, нема злоба и груби дисквалификации. Нема бесилки, стрелање, колење, палење… Нема „мамето предавничко“ и слични за нас веќе толку секојдневни и вообичаени изрази.

Не е ни чудо. Во „нормалниот свет“ нема лидери на парламентарни партии што се означени, со име и презиме, како извори на дезинформации. За разлика од „нормалниот свет“, нашево општество е „богато“ со приучени фолиранти на кои идоли им се криминалци, убијци и диктатори. Не се маргиналци, туку „еминентни“ политичари, групирани во разбојнички гнезда (радикални политички партии). Своето влијание, а често и доминација во јавниот дискурс, го остваруваат благодарение на политичката, медиумската и буквалната неписменост. На последно место ја ставаат својата функција и работни обврски во парламентот или на универзитет. Да, некои од нив се и професори на универзитет!

Наместо да си ја работат работата, локалните бандити во политиката се занимаваат со црна пропаганда, ширење дезинформации и повикуваат на ликвидации и политичко или етничко насилство. На прво место секогаш им е личната корист и потребата да си ги лечат своите комплекси и фрустрации. На последно место им се фактите (под нозе им се), а на прво место им се лагите и омразата. Ограничени, злобни и алчни, тие седат на страна од сите национални и светски текови, ги бројат украдените пари и коваат планови како да украдат повеќе. И ја контаминираат јавноста со своите добро платени пропагатори во медиумите и со инсталациите на стратешки места во системот. За нив, најдобро е сите да веруваат во еднорогот во стрипот опишан на почетокот од овој текст.

Не дека вакви политичари нема и во „нормалниот свет“, но погледнете каде се. Некои од нив се лидери на групи кои може да се соберат во некоја средно голема крчма. Некои се во затвор. Некои се во институции за ментално здравје. В ред, мора да се забележи дека во некои посткомунистички земји, кои се протнаа и низ ситото на ЕУ, има и такви што се на власт. Но сосема извесно е дека патеката на нивното владеење завршува со соочување со правдата. Кога – тогаш. Освен ако во хибридната војна не победат диктаторите на Истокот. Тогаш филмските дистопии ќе станат реалност.

Нивното оружје се лагите и омразата со кои внесуваат поделби, страв и несигурност меѓу луѓето. Не е наивно тоа што го прават. Но одговорот, иако задоцнет поради конформизмот на елитите и многуте лицемери и трговци со души, пристигнува. Тој одговор е поткован со наука, со факти и со цврсти убедувања дека иднината им припаѓа на луѓето со отворени очи и бистра глава.

Борбата продолжува. За некои тоа е борба против Ковид-19, а за некои е борба против 5Г и „глобалните заговори“. Верувам дека постои лек за сé.

ПС. Еднорог е митско суштество кое се среќава во древните култури од југоисточна Азија до Античка Грција, а во Средниот Век се протега до северноевропските кралства, а е чест мотив и во сликарството на Ренесансата. Се појавува и во продукцијата на Волт Дизни и други познати филмски продукции. И во стрипот на „Научниците за ЕУ“. Го има и на тезгите и рафтовите за играчки насекаде во светот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дезинформациидиктаториКОВИД-19криминалцимедиумска писменостНаукаполитичка културатеории на заговорхибридна војна
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ