Оливер Деркоски, претседател на Државната изборна комисија, за перспективите на изобрните процеси во 2021 година:
„Ние во Македонија сѐ уште се бориме како да го идентификуваме гласачот. Имаме проблем со вистинска автентичност и идентификација на гласачот. Сѐ уште имаме гласачки места каде што еден гласа за 5, за 10 или некој за друг гласа. Не можеме да останеме имуни и да се правиме дека не го гледаме тоа и дека го нема тоа. Ние треба првин да најдеме начин како тој проблем да го надминеме, па потоа да одиме со примена на новите технолошки средства, со дигитализацијата, затоа што кога пред година и пол две спомнав, дајте да видиме да пробаме, електронско гласање, гласање по мејл, веднаш тој предлог беше пречекан со сомнеж, затоа што се наметна ова прашање како ќе бидеме сигурни дека од другата страна на компјутерот гласал Оливер? Затоа што може да гласа било кој друг. Не може да се обезбеди принципот еден човек, еден глас.. Ние на самото гласачко место не можеме да го обезбедиме тоа, а не по електронски пат. Нормално е во оваа сфера на дигитализација и примена на различни алатки да ги употребуваме и ние. Но, за жал, сѐ уште се наоѓаме во време кога обележуваме со спреј и проверка правиме со УВ ламба што е навредливо и за нас како граѓани и за сите кои од околу не мониторираат.
Вметната е одредба во едена од последните измени на Изборниот законик за примена на биометриските податоци во идентификација на гласачите. Сега е веќе задолжителна одредба за наредните избори. Ние ќе пробаме да направиме исчекор напред во таа насока и ќе видиме до каде ќе стигнеме. Тоа значи дека ќе го надминеме моментот со идентификација употребувајќи вакви дигитални средства што ќе ни овозможат вистински да се идентификува гласачот со употреба на неговите биометриски податоци . Тој момент ако го направиме, ако го испрактицираме тоа нешто во таа ситуација веќе наредната фаза ќе биде применување и на други средства во процесот на гласање.
Од јануари државата нема повеќе Државна изборна комисија, останува без мандат, нема Општински изборни комисии, нема избирачки одбори, на сите им поминува мандатот. Значи, кој ќе прави локални избори наредната година, треба да се одлучи брзо во Парламентот, да се направи интервенција кога ќе се врши едукација на избирачките одбори, затоа што начинот на кој што сега се бираат, со ждрепка, па вклучување дел од политички партии и така натаму изискува време за нивна едукација. Можеби ждрепката ќе покаже дека 70% од луѓето ќе бидат нови и тие треба да се запознаат со процесот. Ние направивме и програма за едукација и време кога треба тие да се едуцираат, меѓутоа сето тоа треба да се претвори во законска основа за да можеме навремено да реагираме. Можеме да се соочиме со предизвици предизвикани со нашето пасивно однесување, комплетно на општеството, заради тоа што никој нема да реагира дека следат одредени процеси што треба да се одвиваат понатаму“.
обработка на текст: Б. Ј.
монтажа: Ариан Мехмети