• Latest

Оливер Деркоски-Перспективи 2021: Можеме да се соочиме со предизвици предизвикани од нашето пасивно однесување како општество во однос на изборните процеси

January 5, 2021
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Оливер Деркоски-Перспективи 2021: Можеме да се соочиме со предизвици предизвикани од нашето пасивно однесување како општество во однос на изборните процеси

January 5, 2021 13:52
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Оливер Деркоски, претседател на Државната изборна комисија, за перспективите на изобрните процеси во 2021 година:

„Ние во Македонија сѐ уште се бориме како да го идентификуваме гласачот. Имаме проблем со вистинска автентичност и идентификација на гласачот. Сѐ уште имаме гласачки места каде што еден гласа за 5, за 10 или некој за друг гласа. Не можеме да останеме имуни и да се правиме дека не го гледаме тоа и дека го нема тоа. Ние треба првин да најдеме начин како тој проблем да го надминеме, па потоа да одиме со примена на новите технолошки средства, со дигитализацијата, затоа што кога пред година и пол две спомнав, дајте да видиме да пробаме, електронско гласање, гласање по мејл, веднаш тој предлог беше пречекан со сомнеж, затоа што се наметна ова прашање како ќе бидеме сигурни дека од другата страна на компјутерот гласал Оливер? Затоа што може да гласа било кој друг. Не може да се обезбеди принципот еден човек, еден глас.. Ние на самото гласачко место не можеме да го обезбедиме тоа, а не по електронски пат. Нормално е во оваа сфера на дигитализација и примена на различни алатки да ги употребуваме и ние. Но, за жал, сѐ уште се наоѓаме во време кога обележуваме со спреј и проверка правиме со УВ ламба што е навредливо и за нас како граѓани  и за сите кои од околу не мониторираат.

Вметната е одредба во едена од последните измени на Изборниот законик за примена на биометриските податоци во идентификација на гласачите. Сега е веќе задолжителна одредба за наредните избори. Ние ќе пробаме да направиме исчекор напред во таа насока и ќе видиме до каде ќе стигнеме. Тоа значи дека ќе го надминеме моментот со идентификација употребувајќи вакви дигитални средства што ќе ни овозможат вистински да се идентификува гласачот со употреба на неговите биометриски податоци . Тој момент ако го направиме, ако го испрактицираме тоа нешто во таа ситуација веќе наредната фаза ќе биде применување и на други средства во процесот на гласање.

Од јануари државата нема повеќе Државна изборна комисија, останува без мандат, нема Општински изборни комисии, нема избирачки одбори, на сите им поминува мандатот. Значи, кој ќе прави локални избори наредната година, треба да се одлучи брзо во Парламентот, да се направи интервенција  кога ќе се врши едукација на избирачките одбори, затоа што начинот на кој што сега се бираат, со ждрепка, па вклучување дел од политички партии и така натаму изискува време за нивна едукација. Можеби ждрепката ќе покаже дека 70% од луѓето ќе бидат нови и тие треба да се запознаат со процесот. Ние направивме и програма за едукација и време кога треба тие да се едуцираат, меѓутоа сето тоа треба да се претвори во законска основа за да  можеме навремено да реагираме. Можеме да се соочиме со предизвици предизвикани со нашето пасивно однесување, комплетно на општеството, заради тоа што никој нема да реагира дека следат одредени процеси што треба да се одвиваат понатаму“.

обработка на текст: Б. Ј.

монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ