• Latest
Колозова ЦИВИЛ МЕДИА

Катерина Колозова за „Перспективи 2021“: Дигитална и зелена транзиција како стратешки цели во 2021 година

January 6, 2021
Фото: Ryanair / Фејсбук

Нискобуџетниот „Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана, инвестиција од 300 милиони долари и повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 17, 2025
Фото: Фејсбук

Словачкиот премиер Роберт Фицо го пофали самитот Путин-Трамп, повторувајќи ја пропагандата на Кремљ

August 17, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Граѓаните од независните листи гневни, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ жалат за пропуштената шанса со Изборниот законик – направиле сé што било до нив

August 17, 2025
Семејствата на заложниците и антивладините демонстранти се собраа кај портата Бегин во Тел Авив, Фото:
DWS News

Демонстрантите во Израел бараат договор за заложниците во еден од најголемите антивладини протести од почетокот на конфликтот во Газа

August 17, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

Последици од самитот во Алјаска: Европа ги отфрла илузиите, цврсто стои зад Украина

August 17, 2025
Фото: Влада на РСМ

Зајкова: Работела без дозвола, а превезувала деца и туристи – кој ќе одговара за жичарницата на Водно?

August 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Firstpost

Повеќе од 200 лица се водат како исчезнати во област погодена од поплави во Пакистан

August 17, 2025
Фото: ЗХГ/Фејсбук

ЗХГ: Измените на Изборниот законик се обид за лажно и привидно намалување на прагот, кој е превисок

August 17, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Регистрирани 10 пожари на отворено – шест активни, три изгаснати и еден под контрола

August 17, 2025
Фото: Скринчот од видео на Телеграм каналот exilenova_plus

Украински дронови извршија нов длабок удар на руска територија – погодена важна железничка раскрсница во регионот Воронеж

August 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Катерина Колозова за „Перспективи 2021“: Дигитална и зелена транзиција како стратешки цели во 2021 година

January 6, 2021 14:45
in ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО, ТЕХНОЛОГИИ, ТОП 5, ФОРУМ
Колозова ЦИВИЛ МЕДИА

Катерина Колозова

Share on FacebookShare on Twitter

Проф. д-р Катерина Колозова, основач на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје со свое излагање за нашите стратешките цели, процеси и обврски, се осврна на перспективите во однос на дигитализацијата и максималното искористување на технолошките алатки во што интезивно треба наредната година да се вклучи и нашата земја,  на Конференцијата „Перспективи 2021“ што ја одржа ЦИВИЛ со над 20 учесници на темите ЕУ интеграции, реформи, образование, Ковид-19, попис, антикорупција, лажни вести, иновации, избори и очекувањата  во 2021 година, кои се предизвиците и перспективите.

Најважното што ќе се случува на глобално ниво и пред сé на европско ниво и коешто нас како земја нужно ќе не зафати, и тоа не ми е предвидување, туку тоа ми е сознание до коешто доаѓам врз база на читање на европски документи коишто јасно ги кажуваат тие нешта, а т.е, од тие нешта, нашите обврски што произлегуваат од процеси коишто ќе се одвиваат на ниво на Европска унија и воопшто на ниво на воопшто континентов на Европа. А сето тоа е зафатено од еден глобален тренд,

Најпрво, се забрзува долгорочната цел на Европската истражувачка област, се вика ЕРА – European Research Area. Значи се забрзува спроведување на стратешката цел којшто и веќе постоела, а тоа т.н. дигитална транзиција и зелена транзиција. Тоа се вика двојна или близначка транзиција на континентот и на ниво на ЕУ. Ќе се забрза како резултат на искуството со Ковид. Значи прво пандемијата ни покажа дека можеме да бидеме продуктивни како општества, како индустрии, како институции, тука се вклучени образовните, научните институции и нивната тесна поврзаност со економската продуктивност, дека можеме да бидеме продуктивни ако ги исцрпуваме до крај, во сиот нивен капациет, алатките што ни ги дава ИТ, општеството, технолошкиот развој на тој план, едноставно општествено-техничките алатки на ниво на информатичка технологија. Значи, максимално исцрпување на тие капацитети, продлабочување на тие капацитети. Европа ќе продолжи со сé подлабока дигитализација на администрирањето на целото општество. Значи сега веќе не е само она е-влада, отворена влада за којашто слушаме последната деценија и повеќе на ниво на ЕУ и овде, туку уште подлабоко суштинско дигитализирање на општеството. Нешто што го посведочивме мината година, но сега ќе го видиме посистематизирано.

Друго, Европа веќе неколку години наназад, за своја стратешка цел, економска и геополитичка цел, во центарот на тие цели, всушност не е само една цел, но во центарот на тие цели ја поставува целта за забрзан технолошки развој, каде што технолошкото производство, значи не само производство на технологија, туку и иновација на технолошко ниво и воопшто научна иновација, треба да стане еден од главните продукти на Европа, за да ја задржи својата компететивна предност во однос на другите глобални играчи. Да упростам за да не биде толку апстрактно, да речеме целата надмоќ моментално, игра на надмоќ помеѓу големите сили, помеѓу Кина и Америка, на пример, е во трката на технолошкиот развој. Технолошкиот развој значи и економски развој денес. Тоа значи дека образованието, иновацијата и економијата се иманентно врзани. Не како порано, пред дест години, дај да произведуваме кадри коишто се бараат на пазарот на труд и тоа ефтина, вокациска и ефтина работна сила физичка, мануелна работна сила. Не. Сега целта е Европа да се трка со иновации на пазарот на иновации, за да ја задржи својата компететивна острица дури и во геополитичка смисла.

Македонија е постојано потсетувана во последните две-три години дека треба да се придружи на спроведување на овие цели. Економскиот развој, според препораките на ИПА 2 веќе од 2017 ни е директно врзан со иновацискиот развој. Значи ние во таа трка треба да ѝ се проклучиме на Европа, а не да се нудиме како ефтина физичка работна сила. Ние сме поканети да учествуваме, се очекува од нас да учествуваме во тој процес и за такво нешто се потребни длабински реформи. Сите тие иновациски процеси денес се темелно интердисциплинарни. Значи станува збор за длабинска интердисциплинарност кадешто дури и областо како филозофија и технологија се интегрират за да, не знам, за да осмислат што е еве вештачка интелегенција, мора да го постават на пример прашањето на свест. Така што, дури и тие области што порано се чиниле неспојиви, сега тесно се спојуваат. Да не давам и други примери. Значи длабинската, интегративна, интердисциплинарност е тоа што ја дава предноста на лидерите во оваа трка на технолошка иновација, која станува еве и економска и геополитичка трка. ЕУ си постави за цел со новата стратегија, European Research Area 2030 да ја зајакне својата улога на глобалната сцена којашто е намалена, како што сметаат и се очекува од земјите аспиранти да учествуваат рамноправно во овие процеси. Заради тоа мислам дека најновите реформи предложени од Министерството за образовани и наука, што ги видовме на ниво на основно и средно, треба да се продлабочат во правецот во којшто тргнале, од ова што досега го знам. Треба да се кренат на ниво и на високо образовани и напредно истражувачко ниво, бидејќи со класичните дисциплинарни поделби, со неразбирањето на оваа филозофија што сега ви ја претставив, ние сме надвор од играта. И според секторските реформи што ги предложи Франција, ние ќе останеме далеку, далеку назад на опашката на план на образование и иновациски развој ако не се спроведат овие реформи. Значи се надевам, очекувам и се надевам дека кај нас ова ќе биде главниот процес во општеството идната пролет, идната година и дека со тоа ќе фатиме некаков приклучок со речиси идентичните процеси, само на повиско ниво кренати, што се одвиваат на ниво на земјите членки на Европска унија и другите рамноправни членки на истражувачката област на Европа и високообразовната област на Европа, во којшто патем Македонија е рамноправен член.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ