• Latest

Твитер трајно го блокира профилот на Трамп

January 9, 2021
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Твитер трајно го блокира профилот на Трамп

January 9, 2021 11:29
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалната мрежа Твитер синоќа соопшти дека итно и засекогаш го блокира Твитер профилот на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Компанијата смета дека актуелниот претседател ги нарушил политиките на социјалната мрежа против величење на насилството и дека постои ризик тоа да се повтори. Според неа, одлуката да се блокира профилот е донесена поради „ужасните настани оваа недела“. 

-После внимателна проверка на последните твитови од @realDonaldTrump, и контекстот околу нив, посебно како тие беа прифатени и интерпретирани на Твитер и надвор од него, ние засекогаш ја запираме работата на тој налог поради ризик од натамошно провоцирање насилство, се вели во соопштението.

Понатаму, се додава дека „после ужасните настани неделава во среда, компанијата потенцираше дека нови нарушувања на правилата на Твитер може да станат причина за преземање вакви постапки“.  

Компанијата исто така објави резултати од анализа на последните два твита на претседателот и реакциите што тие ги оставиле кај некој корисници, според која „пораките можат да станат причина насилничките чинови во Капитолот на САД на 6 јануари 2021 година да предизвикаат мобилизација кај разни публики и да бидат повторени… затоа е донесена одлука за итно и постојано укинување на услугата“.  

Трамп праќаше десетици твитови секојдневно, а во текот на претседателството објави повеќе од 26.000 пораки испратени до своите над 88 милиони потписници. 

Претседателот веднаш реагираше на одлуката на Твитер. Во соопштение по овој повод тој истакна дека мрежата сака да го замолчи. Изјави дека преговарал со други веб страни и вети „големи објави наскоро“, како и тоа дека работи на изградба на „наша платформа“. 

-Твитер не е за слободата на говорот. Тие работат за промоција на платформата на радикалната левица и дозволуваат слободно изразување на некои од најзлите луѓе во светот, истакна Трамп. 

Соопшти и дека се обидел да го искористи официјалниот налог на претседателот на САД, но дека Твитер веднаш ги бришел и тие твитови. Подоцна беше блокиран и налогот на изборната кампања на Трамп. 

Завчера, и Фејсбук го блокираше на неодредено време профилот на Трамп, а тоа го направија и други социјални платфирми како Снапчат, Јутјуб, Твич и Редит. 

Твитер денеска објави дека отстранува налози чии сопственици шират содржини поврзани со радикалните десничарски групи како онаа на теориите на заговор QAnon (КјуЕјнон). Некои од тие налози се на Мајкл Флин, поранешен советник на претседателот, и на адвокатот Синди Пауел. Од Твитер прецизираа дека овие профили продуцираат содржини кои можат да иницираат нови изблици на насилство.  

Во нападот на Конгресот учествува и многу демонстранти кои носеа симболики на QАnon. /МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ