• Latest

Колозова: Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје, стана членка на Светскиот конзорциум на институти „CHCI“

January 10, 2021

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Колозова: Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје, стана членка на Светскиот конзорциум на институти „CHCI“

January 10, 2021 09:55
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје, стана членка на Светскиот конзорциум на институти и центри од областа на хуманистичките студии (CHCI), придружувајќи се на глобалните напори за воспоставување длабока интердисциплинарност пречекорувајќи ги ѕидовите на класичните дисциплинарни поделби на науките.

За профилот на оваа наша истакната научно-истражувачка установа, за тоа зошто работата на Институтот често се наоѓа во центарот на вниманието на нашата јавност со анализи на општествено-политичките случувања во земјата, но и регионот и Европа, и како дојде до полноправното членство во „CHCI“, разговараме со основачот на овој Институт, проф. д-р Катерина Колозова.

„Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје, кој е непрофитна научна и високообразовна установа регистрирана според Законот за наука, во центарот на своите истражувања ги поставува мултидисциплинарните студии на политики. Така, во пракса, во најголем дел од својата работа се наоѓа во улога на тинк тенк за јавни политики. Поради неговата филозофија на „тројно А“ („академија, анализа, активизам“), Институтот честопати се наоѓа во центарот на нашата јавност со анализи на општествено-политичките случувања во земјата, но и регионот и Европа. Веќе неколку години работи на меѓународни анализи на студии на „илиберализмот“ (новата десница на авторитарно и популистичко владеење) како меѓународен феномен. Во тој контекст, организираше два настана со Институтот за хуманистички истражувања во Виена, како и соработка со Слободниот универзитет на Берлин (Freie Universitaet) и Europa Nova тинк тенкот при Факултетот за политички студии на Парискиот универзитет.“, вели Колозова.

Таа нагласува дека токму од тие два настани и произлезе гломазна меѓународна колекција со студии од автори кои можеби ѝ се познати на нашата јавност, како професор Жак Рупник и Среќко Хорват, а приредена од Колозова и Николо Миланезе, која се очекува да биде издадена од издавачката куќа на МекГил Квинс Универзитетот од Канада.

Последната вест која ни пристигна во врска со овој наш реномиран институт е дека, на покана на претседателката на Светскиот конзорциум на институти и центри од областа на хуманистичките студии со акроним CHCI, стана полноправна негова членка.

„Работата на овој конзорциум е од глобално значење бидејќи настојува да ги пречекори границите на хуманистиката, но и општествените науки, дури и во нивните интердисциплинарни облици, и да ги доведе во тесна соработка со природните и егзактните науки, а со тоа и да одговори на глобалните процеси на општествена трансформација“, вели проф. д-р Катерина Колозова.

Летна школа во заедничка организација со Утрехт универзитетот. Септември 2019

Во 2017, на Светскиот конгрес на хуманистичките науки, организиран од УНЕСКО и Конзорциумот во Лиеж (Белгија), проф. Катерина Колозова заедно со светски реномираниот филозоф Рози Браидоти (Rosi Braidotti), професорка на Универзитетот во Утрехт, и една од иконите на современите иновации во интердисциплинарноста, како учеснички на панелот организиран од Европскиот конзорциум, зборуваа токму за можностите на подлабоките пробиви на интердисциплинарноста.

„Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје, по препорака токму на Рози Браидоти, стана полноправна членка на Европскиот конзорциум веќе кон крајот на 2016 година. За ова да се случи, претходеше долгогодишната соработка помеѓу Институтот и Универзитетот од Утрехт, особено во областа на хуманистичките и општествените интердисциплинарни студии, запечатена со Меморандумот за разбирање и соработка потпишан од двете институции во 2016.“, потенцира Колозова

Секако, колегијалните односи и тесната соработка помеѓу професорките Колозова и Браидоти, придонесе и за институционално приближување. Во својата серија интервјуа за иднината на хуманистичките науки во Европа, во продукција на Универзитетот во Утрехт, Браидоти ја покани Колозова на интервју во кое зборуваа како за нејзината филозофска работа, животен пат така и за Институтот и визијата за него.

Рози Браидоти е едно од најголемите имиња на современата континентална филозофија за чиј труд се објавени илјадници студии, магистерски и докторски тези, како и авторски монографии и зборници и прирачници. Еден од поважните зборници, воведна литература за делото на Рози Браидоти, е објавен од издавачката куќа Блумсбери Академик од Лондон (Велика Британија) под наслов The Subject of Rosi Braidotti Politics and Concepts.

Јане Ѓорѓиоски

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ