• Latest

Преглед на настани: Мерки за зачувување на статусот на Охридскиот регион во Унеско, правосудни реформи, изградба на социјални станови

January 13, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Мерки за зачувување на статусот на Охридскиот регион во Унеско, правосудни реформи, изградба на социјални станови

January 13, 2021 17:08
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Владата ќе ги преземе сите чекори и мерки да не биде загрозен статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО

Доколку некој нема волја да работи и да ги решава проблемите кои му се дадени во ингеренции од граѓаните на непосредни избори тогаш ќе ги преземеме сите чекори со цел статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО да не биде загрозен, рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, во одговор на новинарско прашање за нацрт-извештајот на УНЕСКО за состојбата со заштитеното природно и културно наследство на Охридскиот регион и препораката да биде впишан на Листата на светско културно и природно наследство во опасност.

Тој најави дека  информацијата со препораките ќе биде разгледана деновиве на седница на Влада и на координација на ресорните министерства и локалните самоуправи.

– Се согласувам дека не треба да дозволиме да дојде последниот момент, извештајот е испратен, сега го разгледуваме, во комуникација сме и Министерството за култура ќе биде во комункација со УНЕСКО. Ќе постапуваме по препораките, а што значи тоа да постапуваме ќе видите во наредниот период, рече Бочварски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Маричиќ: Владата има стабилен четиригодишен мандат за спроведување на правосудните реформи

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Наумче Мојсовски – Перспективи 2021: АМС ќе биде носочена кон спроведување и имплементирање на Законот за младинско учество и младински политики

Eдна од клучните задачи на оваа Влада како и на Агенцијата за млади и спорт е да ги врати младите, да креира средина погодна за нивен развој и афирмација. Сите политики за млади, идеи и решенија, во насока на креирање на подобар животен стандард за младите, се носат заедно со младите, младинските организации во еден транспарентен и инклузивен процес“, вели Наумче Мојсовски, директор на Агенција за млади и спорт, за ЦИВИЛ Медиа.

Тој истакна дека Агенцијата за млади и спорт во текот на 2021 година ќе биде носочена кон спроведување и имплементирање на Законот за младинско учество и младински политики, кој е донесен на почетокот на 2020 година.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ треба да се случи и се надевам дека ќе успееме да го постигнеме тоа оваа година. Нема друга атернатива. Исполнети се сите услови од страна на Северна Македонија, изјави денеска амбасадорката на Германија во земјава Анке Холштајн.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш од собраниска дебата да биде повлечен Предлог-законот за попис и владејачкото мнозинство да организира внатрепартиска и внатредржавна дебата со сите општествени фактори со цел да се најде консензуално решение како да се спроведе оваа статистичка операција.

Според податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 4 до 10 јануари, вкупно 13.022 материјали се тестирани во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е зголемување од 20,8 отсто во однос на минатата недела, соопшти Министерството за здравство.

Во периодот од 4-ти до 10-ти јануари 2021 година, од седумте  инспекциски служби се спроведени вкупно 2.608 надзори и контроли, по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони во надлежност на инспекторатите.

Владата на вчерашната седница ја прифати Предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2021 година, во која е содржан план за обезбедување на годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии.

Специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија Владо Бучковски оствари работна средба во Софија со истакнати културни дејци од Република Бугарија, на која соговорниците изразиле согласност дека развојот на културно-уметничките односи меѓу двете држави се одвива во добра насока.

„За оваа година во соработка со АД за стопанисување со станбен и деловен простор планираме изградба на 5 нови згради со над 200 станови наменети за ранливи категории на граѓани“, истака министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес конференција на која заедно со директорот на АДССДП, Кристијан Трајковски, информираа за динамиката на изградба на социјални згради во општините.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Прво, да се потсетиме на фактите… Пред четириесетина години, регионот на Охрид, Струга и дел од Дебрца беа дефинирани како „светско наследство“ од страна на УНЕСКО, што е престижен статус којшто, до денес, е доделен на само триесетина такви региони на целата планета Земја. Денеска е веќе извесно дека тој уникатен статус УНЕСКО ќе го стави под графата „културно наследство во опасност“ заради познатите околности на нарушување на автентичните природни и културни карактеристики што некогаш беа светски препознаени во овој наш регион. Во 2017 година од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (во кој седат 21-земја членки) ни испратија предупредувачки „катил ферман“ со наведени 19 препораки со чие исполнување би го задржале заштитениот статус“, пишува Сашо Орданоски во колумната Добра вест: Охридско ќе стане “регион во опасност“ според УНЕСКО!“.

„Начинот на кој во една држава се избираат политичките претставници го одредува и степенот на нејзината внатрешна кохезија. Доколку граѓаните сметаат дека нивниот глас или учество во политичките процеси е значајно – тие се  граѓани на државата. Доколку нивното влијание е мало тогаш се поданици на владетелите“, пишува Војо Маневски во колумната „Изборни системи и дилеми“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ