• Latest

Маричиќ: Владата има стабилен четиригодишен мандат за спроведување на правосудните реформи

January 13, 2021

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Маричиќ: Владата има стабилен четиригодишен мандат за спроведување на правосудните реформи

January 13, 2021 15:53
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Временска рамка за спроведување на правосудните реформи отсекогаш беше Стратегијата, сме имале Стратегија од 2017 која ќе трае до оваа година, и ќе имаме наредна петгодишна рамка од 2022 до 2027 година. Инаку петогодишната стратегија се имплементира на годишно ниво, за секоја година има приоритети и во рамки на една година се спроведуваат тие приоритети кои дел се законски решенија, а дел се други мерки кои не се врзани само за донесување на законски решенија, можат да бидат и подзаконски акти или друга институционална активност“, изјави Бојан Маричиќ, министерот за правда, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Која е временската рамка на спроведување на правосудните реформи и на кој начин ќе се гарантира одржливоста на реформите, доколку успеат, во услови на тенко парламентарно мнозинство, а особено доколку дојде промена на власта во земјата?

Тој додаде дека Собранието отсекогаш функционирало со мнозинство од 61 пратеник, а сега има 62, но и да има 67 пратеника за двотретинските закони се потребни 80 пратеници.

„Двотретинските закони се оние за кои секогаш сме отварале дијалог и подадена рака, така било и во минатото од 2017 до 2020 година, така ќе биде и од сега. За клучните закони, процесните особено за кои се потребни двотретински гласови ќе се отвори дијалог со опозицијата и со сите партии и пратеници во Собранието. Во 2017 година Владата беше формирана со 62 пратеника, но во три наврати успеавме да собереме 80 пратеници и за Уставните измени и амандмани и за Законот за јавно обвинителство.

Парламентарниот живот и политичкиот дијалог овозможуваат секогаш да се постигне и поширока поддршка и поширок консензус за одредени прашања поврзани со реформите.

Владата е стабилна и има четиригодишен мандат и во рамките на тој мандат ќе испорача доволно реформи за да има аргументи да бара нов мандат. Во овој момент нема друго сценарио“, нагласи Маричиќ.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ