Медиумската платформа на ЦИВИЛ беше мета на исклучително силен DDoS сајбер напад во доцните часови на 18.01.2021. Нападот предизвика потешкотии во функционирањето на медиумската платформа. „Битката“ за одбрана на интернет порталите на ЦИВИЛ траеше до раните утрински часови, кога тие успешно беа одбранети и вратени во интернет сообраќајот.
Организацијата им благодари на вредните систем администратори кои ја водеа оваа „битка“.
Со цел да се заштитат на ресурсите и полесно справување со настанатата ситуација, сајтовите беа недостапни за корисниците.
Како што информираат систем администраторите и експертите за сајбер безбедност со кои соработува ЦИВИЛ, состојбата сега е нормализирана и медиумската платформа на ЦИВИЛ непречено функционира.
Во иднина, ќе се имплементираат дополнителни заштитни механизми како и можност порталите да бидат целосно достапни и во вакви ситуации. Сепак, за време на ваква сајбер „безбедносна криза“, медиумската платформа ќе биде достапна само за посетителите од нашата земја.
ЦИВИЛ им благодари на читателките и читателите за разбирањето и поддршката.
ЦИВИЛ Тим за комуникации
Прочитајте и: ШТО Е ДДОС НАПАД?