• Latest

Набавка на вакцини, најави и подготовки, ЕК ќе предложи механизми за споделување

January 21, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Набавка на вакцини, најави и подготовки, ЕК ќе предложи механизми за споделување

January 21, 2021 08:58
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на заразените од Ковид-19 во земјава се намалува, а по празничниот период се враќа работното време на угостителските објекти засега до 21 часот и продолжуваат активностите за набавка на вакцини. Државава ги очекува најавените вакцини од Србија, а за овој процес се очекува солидарност и од земјите членки на Европската унија.

Од ЕК вчера најавија дека ќе предложат механизми за споделување на вакцините со земјите надвор од ЕУ.

– Треба да ги поддржиме нашите соседи да ги вакцинираат работниците во првите редови, на Западен Балкан, Источното Партнерство, Африка, и за тоа Европската комисија предлага механизам за споделување на вакцините или директно или преку Ковакс, изјави вчера претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа ги прекори и земјите членки на ЕУ затоа што не покажуваат солидарност за вакцините.

– Некои ќе прашаат како да споделиме кога и самите не сме сите вакцинирани, ним им одговарам дека не е само солидарност во прашање, туку и личниот интерес, порача Фон дер Лајен, истакнувајќи дека во прашање е и кредибилитетот на ЕУ на геополитички план.

Амбасадорот на Чешката Република Мирослав Томан вчера изјави дека ќе треба да се причекаат насоките од Европската Комисија за тоа како и колку вакцини ќе бидат испорачани во нашата држава.

Тој појасни дека Чешката Република е целосно вклучена во поддршката и го поддржува обезбедувањето вакцини за Северна Македониаји и западноевропските држави. Како што посочи, 17 милиони евра се на располагање кои треба да се искористат за набавка на вакцините.

-Нашата позиција во моментот е да ја изведеме вакцинацијата во Северна Македонија преку ковакс системот, што значи дека ќе треба да чекаме Европската комисија да ја даде насоката како и колку ваквицни ќе бидат испорачани во вашата држава. Ве уверувам дека ние сме секогаш подготвени да дадеме дополнителни средства за дополнителни вакцини за вас, заинтересирани сме и со нетрпение очекуваме кога ќе почне процесот на вакцинација, но и во Чешка не добиваме толкав број вакцини колку што ни беше ветен, рече Томан.

Премиерот Зоран Заев, пак, вчера изјави дека од политичарите министерот за здравство Венко Филипче е прв кој ќе се вакцинира. Сепак, повтори дека и тој ќе ја прими вакцината, но пред него, предност ќе имаат хронично болните, возрасните и луѓето кои досега од КОВИД загубиле член од семејството.

-Потврдувам дека ќе бидам меѓу првите што ќе ја примат вакцината, но не сакам да му го земам правото на никој, и јас сум граѓанин како и секој друг. Сепак, сакам да дадам личен пример дека вакцината треба да се прими за да се заштитиме од корона вирусот и да го вратиме животот во нормала. И јас и моето семејство и моите роднини ќе ја примиме вакцината,  рече Заев.

Тој на почетокот на неделава најави дека државава треба да добие 8 000 вакцини против Ковид-19 како помош од Србија. Во тек се активности на надлежните институции за техничките детали и точното време на испорака на вакцините.

Според најавите од министерот Филипче набрзо ќе биде склучен договорот со Фајзер од каде се очекуваат 5.850 дози во февруари, а по 17.500 во март и во април. За вакцините преку КОВАКС механизмот е направена уплата и ќе се обезбеди соодветна гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.

Први кои ќе се вакцинираат се здравствените работници кои работат со ковид пациенти, вработените во лабораториите кадешто се прави дијагностика, штитениците на домовите за лица со посебни потреби и најстарите лица од возрасните групи над 70 години коишто имаат коморбидитети. Во втората група се останатите здравствени работници, вработени во критична инфраструктура – наставниците, вработените во градинките, новинарите и секако пациентите од другите возрасни групи коишто имаат хронични болести.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје од 11 до 17 јануари регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од три отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје.

Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување се движи од 11 до 19 отсто, просечно 16 отсто, што претставува намалување од три отсто споредено со минатата недела.

Во текот на вчершаниот ден беа регистрирани нови 72 случаи на Ковид-19. Починати се 13, а оздравени 1023 пациенти. Во ковид-центрите во Скопје вчера беа хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 284 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89 463. Бројката на оздравени пациенти е 74 800, а на починати е 2 739. Има вкупно 11 924 активни случаи./МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ