• Latest

Демант од МЗ за Антонио Милошоски: Лага е дека Клексанот не е на позитивната листа лекови

January 24, 2021

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Демант од МЗ за Антонио Милошоски: Лага е дека Клексанот не е на позитивната листа лекови

January 24, 2021 14:15
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од Министерството за здравство денеска најостро ги демантираат наводите на пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објавени на социјалните мрежи дека лекот Клексан не е на позитивната листа на лекови.

„Жалиме што народниот избраник наместо одговорност кон своите избирачи, поддржувачи и воопшто граѓаните на Република Северна Македонија избрал да манипулира со нив. Клексанот е болнички лек. Лага е дека лекот Клексан не е на позитивна листа лекови. Истиот се дава исклучиво под надзор на медицинско лице, во присуство на лекар или медицинска сестра. Лекот Клексан може да се купи и од аптека со рецепта препишана само од специјалист, а потоа парите ФЗО РСМ ги рефундира“, велат од министерството за здравство.

Од Министерството подвлекуваат дека поради ковид пандемијата, зголемена е потрошувачката на Клексан насекаде во светот, така и кај нас и тоа за три пати повеќе од вообичаеното користење на оваа антикоагулантска терапија.

„Од таа причина со месеци наназад, компанијата која врши увоз на лекот резервираше поголеми количини и тие се дистрибурани до сите болнички установи. Во меѓувреме, онаму каде што требаше, се даваше друга форма на хепарин. Криза во смисла на недостаток на Клексан нема, туку зголемена потрошувачка. Освен Клексан постои и друга антикоагулантна терапија која е на позитивната болничка листа лекови и за истата ФЗО РСМ парите ги рефундира“, велат од министерството.

Во демантот од Министерството се наведува дека Клексан и Ксарелто се два различни лека, иако Милошоски од за него само познати причини, стои, ги пишува како еден лек.

„Што се однесува до набавката на вакцините, пратеникот Милошоски знае дека со оглед на глобалната побарувачка на вакцини против корона вирусот, сите земји во светот се соочуваат со недоволни количини вакцини за вакцинација на целата популација. Но, свесно лаже и обвинува. Милошоски како поранешен министер за надоврешни работи и актуелен претседател на собраниската комисија за надворешна политика многу добро ги знае приликите и водењето преговори со земјите од ЕУ. Милошоски знае и е свесен дека единствена причина поради која нашата земја не доби помош од европските држави кои ветија вакцини за нас од дозите кои ќе ги набават за сопствените земји е поради недоволната испорака на вакцини и кај нив. Сепак и покрај овие факти пратеникот одлучи да шири лаги по социјалните мрежи и да ги доведува во заблуда граѓаните на штета на нивното здравје и правејќи штета на целокупниот здравствен систем“, стои во нивното соопштение.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ