• Latest

Филипче: Сите вакцини се безбедни, не постои законска пречка за увоз на која било вакцина во земјава

January 27, 2021
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Сите вакцини се безбедни, не постои законска пречка за увоз на која било вакцина во земјава

January 27, 2021 08:30
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

„Имаме начин да увеземе од која било вакцина против Ковид-19 и не постои никаква законска пречка за тоа“, рече министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното гостување во вестите на Канал 5 телевизија.

Филипче истакна дека вакцините се нов продукт и истите ниту една земја ги нема регистрирано, но сите производители имаат документи со кои го гарантираат квалитетот на лекот. Тој посочи дека првите вакцини во земјава ќе влезат со интервентен увоз и тоа не е никаква новина, туку е пракса години наназад.

„Регистрацијата е процес кој зависи од земјата која тој препарат го увезува. Тој процес не е задолжителен и не е гаранција за квалитетот на производот, тоа е разгледување на документите кога се внесува еден препарат, лек, вакцина во земјата. Во таа смисла имаме начин да се увезат вакцините од било кој производител, тоа е со интервентен увоз и тоа така историски наназад се правело, не само со вакцини туку и со многу други лекови“, рече Филипче.

Додаде дека сите прозиводители кои нудат вакцини на пазарот, имаат документи кои го гарантираат квалитетот на вакцината.

„Во ниту една земја вакцините не се регистрирани затоа што се нови продукти и тоа е неверојатно да се случи во краток временски период. Тоа секако ќе се случи, но првите вакцини ќе влезат со интервентен увоз, истите се проверени од своите национални институции и таму каде се произведени. Веќе во српската агенција зе лекови се објавени документи, дека таков како што е капацитетот на нивната лабараторија, е тестирана кинеската вакцина не станува збор за целосно тестирање, туку на одредени параметри и тие кои може таму да се тестираат се солидни. Таа вакцина е сосема безбедна да се користи“, рече министерот.

Посочи дека Министерството за здравство останува посветено на сите три механизми за набавка на вакцините, но соочени со состојбата дека потребата за вакцини е голема секаде во светот, се евалуирал и планот за набавка на кинеска вакцина. Филипче најави дека целта е вакцинацијата во земјава да се одвива со еден континуитет и да нема прекин како што е случај со некои други земји, бидејќи станува збор за голем притисок за набавка и производство на вакцини против Ковид 19 насекаде во светот.

„Кинеските вакцини ги евалуиравме и во претходниот период, сакаме да обезбедиме вакциналниот процес да започне и да нема паузи. Сите вакцини кои се на располагање се сосем безбедни тие се евалуирани од своите национални агенции, дел од нив и од европските, американските регулатори. Целта е да имаме вакцини од повеќе производители за да не се соочиме со недостаток односно откако ќе почнеме, процесот на вакцинација запре“, истакна Филипче.

Првите вакцини кои треба да стигнат во земјава во месец февруари според најавите на „Фајзер“ ќе бидат вакцините од Србија, а потоа ќе стигне пратката директно од производителот „Фајзер“.

„Веќе во петок на состанокот со претсавниците од Ковакс механизмот ќе се знае колку вакцини преку овој систем ќе бидат испорачани во земјава“, рече министерот Филипче.

Владата на вчерашната редовна седница го разгледа и прифати Националниот план за Ковид-19 вакцинација во Северна Македонија и го задолжи Министерството за здравство и другите надлежни институции да го имплементираат и да доставуваат редовни месени извештаи за остварениот напредок.

Клучната улога во спроведувањето на вакцинацијата ќе ја има системот „Мој термин“, која според најавите на министерот за здравство Венко Филипче треба да започне во февруари.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ