Светот ја надмина бројката од 100 милиони познати смртни случаи, додека Велика Британија имаше своја црна статистика: 100.000 смртни случаи од корона вирусот.
Бројот на жртви во Британија одамна е најлош во Европа. Варијантата од корона вирусот што брзо се шири, ги приближува дневните стапки на смртност во Велика Британија на нивоа што не се видени април минатата година. По глава на жител, стапката на смртност во Велика Британија е најлоша во светот во текот на минатата недела. Во тек е и процесот на вакцинација. Досега, едно од осум возрасни лица во земјата ја примило првата од двете потребни дози на вакцини.
Здравствените експерти во Соединетите Држави се загрижени дека новите варијанти на вирусот може да предизвикаат повторно оживување на бројот таму, како што тоа се случи, во Велика Британија, Ирска и Јужна Африка. Ваквите стравови предизвикаа нови блокирања и ограничувања за патувања низ целиот свет.
„Тешко е да се пресмета тагата содржана во таа мрачна статистика“ – изјави премиерот Борис Џонсон – „Ќе го исцрпите речникот на синоними на поимот за мизерија. Тоа е ужасна и трагична загуба на живот“. Црните статистики ги покажаа погрешните чекори на неговата влада во управувањето со пандемијата, како и тешките одлуки со кои се соочува Џонсон во справувањето со новите варијанти.