• Latest

Државата гради системски решенија за Ромите да добијат домување, пристап до здравство, образование и вработување

February 3, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Државата гради системски решенија за Ромите да добијат домување, пристап до здравство, образование и вработување

„Со проектот во Прилеп, во населбата Трисла ќе се легализираат куќите на 700 ромски домаќинства, ќе се легализираат имотите на 5.000 Роми во населбата Баир во Битола, во Штип ќе се легализираат 1.027 куќи и 40 куќи во Берово. Се опфаќа и изградба на нови живеалишта, во Штип 50 куќи, во Кичево 30 станови, а истовремено ќе има реконструкција на 50 куќи во Прилеп и 15 куќи во Берово“, рече министерката Шахпаска.

February 3, 2021 14:49
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ЕУ амбасадорот во земјата Дејвид Гир, пратеничката Латифа Шиковска и претставници на граѓанските организации и на општините имплементатори на проектите, го најавија почетокот на реализација на проекти за домување на Ромите.

„Станува збор за четири грантови во вкупна вредност од околу 3,2 милиони евра за период од 3 години во општините Прилеп – во населбата Тризла, во Битола – во населбата Баир, во ромските маала во општините Штип и Берово, и во општина Кичево“, објасни премиерот Заев и додаде дека проектите се во рамките на Инструментот за претпристапна помош – ИПА 2, кој Владата го спроведува со поддршка од Делегацијата на Европската Унија.

Премиерот Заев рече дека овие проекти се остваруваат благодарение на иницијативата „Интеграција на Ромите 2020“, во рамките на која, на предлог на нашата земја како членка на иницијативата, на Самитот за Западен Балкан во Познањ во 2019 година беше усвоена Декларација на земјите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во процесот на проширување на ЕУ.

„Со оваа декларација нашата земја ги поттикна лидерите од регионот да ја прифатат потребата од заедничка заложба за засилување на напорите за интегрирање на ромската популација, како една од најранливите групи во општествата во регионот. Благодарение на оваа декларација и на иницијативата „Интеграција на Ромите 2020“ дојдовме до стартот на реализацијата на проектите што денеска ги објавуваме во делот на Домување и во делот на постигнување услови за легализирање на неформалните населби каде што живеат Ромите“, истакна премиерот Заев кој се заблагодари за поддршката на ЕУ и додаде дека во Буџетот за 2021 година се издвоени 62 милиони денари за поддршка на имплементацијата на Годишните оперативни планови од Стратегијата на Ромите.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска  истакна дека целта е да се овозможи подобрување на социо-економската инклузија на Ромите со подобар пристап до јавните образовни, здравствени услуги и пристап на пазарот на труд.

„Со проектот во Прилеп, во населбата Трисла ќе се легализираат куќите на 700 ромски домаќинства, ќе се легализираат имотите на 5.000 Роми во населбата Баир во Битола, во Штип ќе се легализираат 1.027 куќи и 40 куќи во Берово. Се опфаќа и изградба на нови живеалишта, во Штип 50 куќи, во Кичево 30 станови, а истовремено ќе има реконструкција на 50 куќи во Прилеп и 15 куќи во Берово“, рече министерката Шахпаска и додаде дека во делот на образованието, со програмата туторство после училиште, ќе бидат поддржани 200 ученици Роми, а ќе се работи и на зголемување на вработувањето  на 150 Роми, преку различни програми за вработување.

Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во земјата Дејвид Гир истакна задоволство што презентираните проекти во голем дел ќе го подобрат животот на ромската заедница и додаде дека заедничка цел е да создадеме еднакви можности за ромското население. Амбасадорот Гир посочи дека финансирањето на ЕУ останува на располагање за поддршка на ваквите активности.

Пратеничката Љатифе Шиковска ги истакна своите заложби за да застапува и да иницира решенија кои што ќе бидат во корист на најранливите категории на граѓани.

Проектите опфаќаат легализација на нивните куќи, подобрување на инфраструктурата и безбедни услови за живот, поправка и реконструкција на нивните домови, вработување на млади Роми, поддршка на Роми ученици со туторство после училиште, како и подигнување на свеста за еднакви права и пристап до здравствена заштита.

На настанот беа презентирани четирите проекти од страна на Сашко Николов, градоначалникот на Штип, Себихан Демировски од Здружение за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“, Талија Петреска од Центар за граѓански иницијативи и Гоце Богоевски од COSV.

Ромскиот Ресурсен Центар во соработка со ЧЕЛИМ од Милано, Италија и Општина Прилеп почна со имплементација на проектот „Обезбедување пристојни услови за живот на ромските домаќинства во општина Прилеп – СДЛР“. Овој проект е дел од ИПА 2 програмата како дел од Годишната акциска програма за 2019 година за Република Северна Македонија, финансирана од Европската Унија. Програмата е поддржана од Владата на Република Северна Македонија.

Ромскиот Ресурсен Центар како претставник на конзорциумот одговорен за имплементација на проектот, ги презентираше целите, активностите и резултатите на проектот пред јавноста.

Лидер организација на проектот е ЧЕЛИМ од Милано – Италија, додека Ромскиот Ресурсен Центар и Општина Прилеп се ко-апликанти на проектот и  НВО Рома Перспектив од Прилеп е Асоцијативен партнер.

„Главни активности на проектот се: Ажурирање на ГУП и изработка на ДУП од 71.4 хектари за ромската населба Тризла во општина Прилеп. Легализација на 700 бесправно изградени куќи на социјално загрозени ромски семејства. Реновирање и реконструкција на куќи на 50 ромски семејства кои живеат во штетни и небезбедни услови за живеење. Изградба на водоводна мрежа во должина од 2000 м и обезбедување на пристап до питка и квалитетна вода за 1000 ромски семејства во населбите Три багреми и Горна Дебарца. Подобрување на пристапот до здравствени услуги преку обезбедување на мобилна клиника за ромската заедница во населба Тризла. Обезбедување на туторска поддршка за 200 ученици Роми вклучени во основно образование кои имаат слаб успех. Изградба на водоводна мрежа во должина од 2000 м и обезбедување на пристап до питка и квалитетна вода за 1000 ромски семејства во населбите Три багреми и Горна Дебарца. Креирање на програми за вработување и поддршка на 100 лица претежно млади и жени“, вели Демировски од РРЦ.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ