Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 18 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 234 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало шест приеми. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало осум нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника четири во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 18 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 21 пациент со симптоми на коронавирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти. Вкупно 234 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 92 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението./МИА












