• Latest

Филипче: Вакцинацијата не е геополитика, туку прашање на јавното здравје

February 10, 2021
Фотографија: Колаж/АП

Шенжен: Трамп повика на дијалог, Си на соработка, Путин на заедничко решавање конфликти

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Вакцинацијата не е геополитика, туку прашање на јавното здравје

February 10, 2021 11:46
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Во услови кога Европската Унија не успева да дистирбуира вакцини против коронавирусот во Западниот Балкан, државите од регионот во потрага по нив се вртат кон Кина и Русија, во што предничи Србија, наведува бриселскиот портал „Политико“.

Според медиумот, една од земјите од регионот што ги следи стапките на Белград е и Северна Македонија, каде се уште никој не е вакциниран.

„Бидејќи првата пратка од КОВАКС механизмот во земјата се очекува да пристигне во март, проевропската Влада реши да преговара со Кина во обид побрзо да обезбеди вакцини. Скопје, исто така, е во директни разговори со „Фајзер“ за набавка на околу 800.000 вакцини, кои се надева дека ќе ги добие во текот на овој месец“, наведува „Политико“.

Порталот пренесува изјава на министерот за здравство Венко Филипче, кој вели дека на овој потег не треба да се гледа како на одвраќање на земјата од Унијата.

„Не сметам дека ова е политичка и геополитичка состојба, ова е прашање на јавното здравје. Сите се соочуваме со предизвици во пристапот до вакцини. Земјите од ЕУ се соочуваат со свои предизвици. Гледаме дека механизмот за европска солидарност се одложува, но не е неуспешен“, вели Филипче за „Политико“.

Бриселскиот портал го цитира и епидемиологот Драган Даниловски, кој вели дека и дури и пред одобрувањето на вакцините од страна на Европската агенција за лекови, целото нивно произведено количество е однапред купено, а земјава останава да чека некои подобри времиња.

„Како на примерот со „Титаник“, чамците за спасување прво беа пополнети со богатите патници, а сиромашните се удавија. Овој пат на дело ја имаме истата психолошка матрица. Во критични моменти, секој се стреми прво да се обезбеди себе си“, вели Даниловски, кој при тоа изразува сомнеж дека пратките од КОВАКС механизмот ќе пристигнат според планираното.

„Политико“ додава дека освен Србија, која самата набави вакцини од неколку извори, меѓу земјите од Западниот Балкан, вакцинација се спроведува само уште во Албанија, „благодарение на неименувана земја на ЕУ, која и испрати на Тирана симболична пратка од 975 дози“.

 

Според порталот, сето ова претставува непријатно потсетување за ЕУ дека се соочува со силна борба за влијание во нејзиното непосредно соседство, каде растат фрустрациите поради забавувањето на процесот на зачленување на земјите од регионот во Унијата.

„Самата вакцинација само ја зголемува таа фрустрација. Четири од шесте земји од Западниот Балкан допрва ќе ги добијат првите дози и покрај ветувањата од Брисел да ќе им обезбеди пристап (до вакцини). Европската комисија вети 70 милиони евра за да помогне во вакцинацијата во земјите од Западниот Балкан, како дополнение на 500-те милиони евра што Унијата ги обебзеди за КОВАКС механизмот, кој има за цел да гарантира правичен пристап до вакцини против коронавирусот низ целиот свет“, се наведува во анализата.

„Политико“ нагласува дека засега се уште нема временска рамка кога вакцините од овој механизам ќе стигнат во земјите од регионот, додека во исто време богатите држави им даваат приоритет на сопствените планови за вакцинација.

„Чекањето на вакцините во време кога пристапувањето кон ЕУ се чини се пооддалечена перспектива, претставува ризик за истуркување на Западниот Балкан уште подалеку од Унијата. Следејќи го примерот на Србија, земјите во регионот, кој има меѓу највисоките стапки на смртност по глава на жител за време на пандемијата, исто така, почнуваат да бараат помош на Исток“, заклучува „Политико“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ