пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
До вчера, единствените што беа „бележени“ во Македонија со двојазични документи беа Албанците. Не слушнав дека некому пречи тоа, ниту дека Албанците „се бележени како Евреи“. Напротив, многу почесто се слушаа барања за „гасни комори“.
Да не заборавиме, и граѓаните Роми ги симнуваа кога патуваа надвор од земјата, без да им пишува што се во личната карта или пасошот, оти некој ги „препознаваше“, односно – дискриминираше.
Затоа, намалете малку на „космополитизмот“ со личниве карти.
До вчера труевте или се летавте на лаги дека „Македонците се бришат од документи“, а денес нејќете ниту да ги(се) запишете? И тоа не само нив, ниту другите заедници, ниту помалубројните, на кои ова ќе им биде важен документ и признавање? Сте сакале да бидете џедаи, младивци, јамајканци, ама ви стиска да ви стои тоа во лична карта?
Аман, „космополити“, оставете простор за вашите патриотски чувства, оти утре пак ќе треба да урлате за „чиста Македонија“!
#SledeTene
#LevaRukaDesniDzep
#AluminiumOverMaximum
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.