поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Залудна била надежта дека на граѓаните на Македонија и Албанија, НАТО ќе им помогне да се спасат и од корумпирани политичари.
*
Во Македонија невозможна е борбата против криминалот и корупцијата, сè додека на обвинителна клупа не седнат и некои од политичарите кои се спогодија, да се забрани објавувањето на содржината на тајните прислушувања од удба, тие да не се користат во судските постапки и кривичните дела да не се гонат после 30 јуни минатата година.