• Latest
Добро утро со Орданоски

Флертот на СДСМ со уставниот концепт на државата

February 15, 2021

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Флертот на СДСМ со уставниот концепт на државата

February 15, 2021 07:11
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Како што тргнало, проектот „Едно општество за сите“ на СДСМ, кој требаше да биде главната политичка конструкција за зацврстување на уставно дефинираниот граѓански карактер на државата, полека станува прибежиште за сите националистички фрустрации во владејачката коалиција што ја предводи Зоран Заев. Самиот Заев, пак, на таа тема најлесно – наместо да е најтешко! – ги прави идеолошките, кадровските и политичките компромиси, како „најевтин“ начин за сочувување на стабилноста на владејачката коалиција, повлекувајќи се и попуштајќи пред речиси сите националистички глупости (и симболични и суштински) што му ги испорачуваат партнерите во власта. До таму што дури и ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува таквите одлуки.

После декларираната согласност во личните карти – документи за докажување на личниот идентитет на носителот, во смисла на идентификација на неговото место на живеење и персоналниот број под кој се води во државните архиви на податоци – да стои и етничката припадност на граѓаните, прашање е зошто во неа да не се најде и нивната религиска припадност? (За да се заштеди простор, практично е тоа да биде претставено со различни видови крстови, полумесечини, буди, „Давидови ѕвезди“ и сл.) А зошто не и нивната сексуална ориентација? (И тоа би можело да биде симболично претставено, можеби и посликовито од религиската припадност…) И зошто, ако веќе во личните карти треба да стои етничкиот идентитет, тие и да не се печатат во десетина бои, за секоја етничка група во земјава посебно, за уште полесно декларирање на таа идентитетска припадност? Само е прашање на време кога некој ќе се сети дека е, всушност, можеби најпрактично да се носат траки во боја на рацете…

Тоа не значи дека етничката припадност не е важен дел од социјализацијата на сечиј идентитет. Напротив, за многумина, како што знаеме, тоа е најважната карактеристика на нивната колективна самоидентификација – и во тоа нема ништо спорно, за тие на кои тоа им е важно. Само што местото не ѝ е на личните карти на граѓаните во држава која има долга, и бурна, историја на дефинирање на својот граѓански уставен концепт. Победничката идеја на тој мултиетнички концепт е да ги славиме сличностите, а не да инсистираме на разликите (сега и во личните карти).

Таа мултиетничка политика дава резултати. На пример, кому му е денес гајле (освен, претпоставувам во најмрачните фејсбук-крчми на македонските националисти) што речиси целата економска политика во државава (минус премиерот) е во рацете на тројца етнички Албанци – Фатмир Битиќи, Фатим Бесими и Крешник Бектеши? Нивната успешност или неуспешност не зависи од тоа што (ќе) им пишува во личните карти?! … Некни, при изборот на новата претседателка на Врховниот суд, Беса Адеми, сите коментари (освен во фејсбук-крчмите на албанските националисти) одеа во насока на тоа што, ако е веќе некаква идентитетска одредница важна, важно е што е избрана жена за оваа врвна функција, а не тоа што е таа етничка Албанка… Па, дури и контроверзата со новиот јавен правобранител Насер Зибери е токму на линија на потсмевање со девалвирањето на неговата и на ДУИ националистичка идеја за „прв Албанец премиер“, а не заради тоа што еден потполно квалификуван етнички Албанец го наследува претходниот етнички Албанец на оваа важна функција…

Затоа, не е за чудење што еден од националистичките партнери на СДСМ во власта бара етничко одбележување на личните карти – тој патетичен внатреалбански националистички натпревар меѓу сите, против „кредитот“ на ДУИ од 2001, во докажувањето за тоа кој е позагрижен за етничките Албанци, перфектно го дијагностицираше колешката Катерина Блажевска во нејзината колумна минатиов викенд – туку зошто е тоа прифатливо за СДСМ, кое тврди дека, на пример, пописот е статистичка, а не „етничка“ операција? Што е разликата, ве молам?

Ова губитничко „флертување“ на СДСМ на теренот на националистите, заедно со играњето на теренот на партизирање на државната кадровска структура вон строго политичките функции, на крајот – меѓу другото – ќе ја доведе таа партија да ја загуби поддршката од либералните, независни, мултиетнички, граѓански ориентирани гласачи во државава, заради чија изборна парламентарна поддршка таа партија денеска владее. На големо задоволство на националистите.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ