• Latest

СЗО: Епидемијата во Вухан била многу поголема отколку што се мисли

February 15, 2021
Фотографија: Колаж/АП

Шенжен: Трамп повика на дијалог, Си на соработка, Путин на заедничко решавање конфликти

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

СЗО: Епидемијата во Вухан била многу поголема отколку што се мисли

February 15, 2021 09:56
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Експертите на Светската здравствена организација (СЗО) што го истражуваат потеклото на коронавирусот во Кина откриле знаци дека епидемијата во Вухан во декември 2019 година била многу поголема отколку што се сметаше и итно бараат пристап до стотици илјади примероци од крв што Кина досега не  дозволуваше да се испитаат.

Главниот истражувач на мисијата на СЗО, Питер Бен Ембарек, за Си-Ен-Ен изјави дека мисијата открила неколку знаци на поголемо ширење во 2019 година, вклучувајќи го и тврдењето дека уште во декември во Вухан имало над десетина видови вируси. Тимот исто така имал можност да разговара со човекот за кој кинеските власти тврдат дека бил првиот заразен пациент, канцелариски работник во 40-тите години од животот, без историја на патувања. Тој на 8 декември пријави дека е заразен, наведува Си-Ен-Ен.

Бавното појавување на подетални податоци собрани на долгоочекуваното патување на СЗО во Кина може да придонесе за загриженост што ја изразија и други научници кои го проучуваат потеклото на болеста, дека таа можеби циркулирала во Кина долго пред првото официјално појавување во средината на декември.

Ембарек, кој штотуку се врати во Швајцарија од Вухан, за Си-Ен-Ен изјави дека „вирусот во декември веќе нашироко циркулирал во Вухан, што е ново откритие“.

Членовите на тимот на СЗО во посета на Центарот за контрола и превенција на болести кај животните Хубеи во Вухан на 2 февруари. /извор Си-Ен-Ен.

Специјалистот за безбедност на храна на СЗО додаде дека кинеските научници му презентирале на тимот 174 случаи на коронавирус во и околу Вухан во декември 2019 година. Од нив, 100 биле потврдени со лабораториски тестови, рече тој, а други 74 со клиничка дијагноза на болеста од симптомите на пациентот.

Ембарек рече дека е можно овој поголем број – веројатно потешки случаи кои кинеските лекари рано ги забележале – да значи дека болеста можела да погоди околу 1.000 или повеќе луѓе во Вухан тој декември.

„Од тогаш не сме направиле никакво моделирање. Но, знаеме … Според големите бројки … Од заразената популација, околу 15 проценти завршуваат со тешки случаи, а огромното мнозинство се благи случаи“, рече тој.

Ембарек рече дека мисијата – составена од 17 научници на СЗО и 17 Кинези – го прошири видот на генетскиот материјал на вирусот кој го испитуваа од раните случаи, што им овозможило да разгледаат делумни генетски примероци, не само целосни, рече тој.

Како резултат на тоа, тие првпат биле во можност да соберат 13 различни генетски секвенци на вирусот SARS-COV-2 од декември 2019 година. Секвенците, доколку се испитаат со пошироки податоци за пациентите во Кина во текот на 2019 година, може да дадат вредни индиции за географијата и времето на почеток на вирусот пред декември.

Ембарек рече: „Некои се од пазар … Некои од нив не се поврзани со пазарите“, што го вклучува пазарот за морска храна Хуанан во Вухан, за кој се смета дека играл голема улога во првото ширење на вирусот.

Членовите на тимот на СЗО кои го испитуваат потеклото на пандемијата на коронавирусите, го напуштаат хотелот „The Jade“ во автобус откако го завршија карантинот во Вухан, на 28 јануари. / извор Си-Ен-Ен.

Тимот на СЗО се надева дека ќе се врати во Вухан во подоцнежните месеци за да продолжи со истрагите, рече Ембарек, иако не беше во можност да наведе конкретни датуми за потврдено патување. Тој рече дека тимот се надева дека итно ќе ги испита биолошките примероци за кои експертите велат дека не им биле достапни на првото патување, поточно илјадници примероци од банка на крводарители на Вухан, кои датираат од пред две години.

„Таму има околу 200.000 примероци кои сега се обезбедени и може да се користат за нов сет на студии“, рече Ембарек. „Би било фантастично ако можеме [да работиме] со тоа“.

Откривањето на толку многу различни можни варијанти на вирусот може да сугерира дека тој циркулирал подолго од само тој месец, како што претходно сугерираа некои виролози. Овој генетски материјал е веројатно првиот физички доказ што се појавил на меѓународно ниво и ја поддржува таквата теорија, пренесува Си-Ен-Ен.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ