УНИЦЕФ вчера ја започна историската иницијативата за хуманитарен авионски превоз според која над 10 водечки авиокомпании потпишуваат договори со УНИЦЕФ за поддршка на приоритетна испорака на вакцини за КОВИД-19, есенцијални лекови, медицински помагала и други критични материјали за да одговорат на пандемијата.Иницијативата исто така ќе дејствува како глобален механизам за логистичка подготвеност и за други хуманитарни и здравствени кризи на подолг рок.
„Испораката на овие спасувачки вакцини е монументален и комплексен потфат, со оглед на обемот што треба да се транспортира, барањата за ладен ланец при транспорт на вакцините, бројот на очекувани испораки и разновидноста на патиштата. Благодарни сме на овие авиокомпании што ги здружија своите силите со УНИЦЕФ иницијативата за хуманитарни авионски превоз за поддршка на транспортот на вакцините за КОВИД-19, изјави Етлева Кадили, директор на Одделот за снабдување на УНИЦЕФ.
Иницијативата за хуманитарен авионски транспорт на УНИЦЕФ ги обедини авиокомпаниите што опфаќаат правци до над 100 земји, како глобален напор насочен кон правичен пристап до вакцините за КОВИД-19. Врз основа на индикативниот план за распределба,145 земји ќе добијат дози за да имунизираат околу три проценти од нивното население, во просек, почнувајќи од првата половина на 2021 година, во зависност од исполнувањето на сите барања и финалните планови за распределба.
Покрај приоретизирање на животно-спасувачките залихи, авиокомпаниите ќе превземат дополнителни мерки како што се контрола на температурата и безбедност при транспортот, истовремено додавајќи товарен капацитет таму каде што е потребно.Нивните обврски се од клучно значење за навремената и безбедна испорака на вакцини и останати медицински материјали.
Безбедниот, навремен и ефикасен транспорт на животно-спасувачките средства е клучен за поддршка на пристапот до основните услуги и услови на децата и на семејствата. Испораките на КОВАКС и последователната вакцинација на здравствените работниците од првите редови ќе ги помогнат на системите за здравствена и социјална грижа за безбедно продолжување на нивните услуги кои се од круцијално значење.












