• Latest

Подготовките за пописот за професионално спроведување на статистичката операција, наспроти црната пропаганда и политизацијата

February 27, 2021
Фото: ANF Nows

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против, националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Подготовките за пописот за професионално спроведување на статистичката операција, наспроти црната пропаганда и политизацијата

Неделен извештај од мониторингот за спроведување на подготовките за попис на населението. Институциите и јавноста се соочени со црна пропаганда и политизација на оваа статистичка операција.

February 27, 2021 14:28
in ВЕСТИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Подготовките за Пописот на население и домаќинства 2021, што ќе се спроведе од 1 до 21 април, одат во две насоки паралелно. Позитивната страна на пописот, што по 19 години се спроведува во нашата земја, е во насока да се обезбеди квалитетна статистичка операција која ќе обезбеди податоци потребни за развојните стратегии во сите сфери на општеството, како на национално, така и на локално ниво. Негативниот правец е во насока на високо политизирање на самиот процес, преку водење кампањи што повикуваат на бојкот и негово поништување.

На стартот на оваа недела (22 февруари), ЦИВИЛ во најновото издание на СКЕН, политички видео магазин, ги анализираше злоупотребите на пописот за политички цели и за влошување на меѓуетничките односи, кои започнаа во истиот момент со најавата на пописот, потребата од Закон за попис, преку начинот на кој се изгласа Законот и опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ.

Ден потоа (23 февруари), Државниот завод за статистика објави Конкурс за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот од 1 до 21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен во рамките на Пописот 2021. Пријавувањето трае до 28 февруари.

Два дена по објавување на повикот, 25 февруари, ДЗР соопшти дека веќе се пријавени  околу 4.000 кандидати заинтересирани за попишувачи и реонски инструктори. Пријавувањето оди преку електронската апликација поставена на веб страницата Попис 2021 каде што може да се најдат сите информации за повикот.

Надоместокот за попишувачите за правилно внесени податоци во електронскиот прашалник ќе изнесува: за попишувач – паушален износ од 4.000 денари, за секое попишано лице по 30 денари, за секој попишан стан по 20 денари, за секое попишано домаќинство по 50 денари, за лице определено за резерва паушал од 5.000 денари, за секој ден ангажирање по повик на резервниот попишувач 700 денари дневно. Надоместокот на реонскиот инструктор надоместокот ќе изнесува: паушален износ од 5.000 денари, за секоe попишано лице од попишувачот по 3 денари, за секое попишано домаќинство од попишувачот по 5 денари, за секој попишан стан од попишувачот по 2 денари.

На 24 февруари, директорот на ДЗР, Апостол Симовски, зборувајќи за целиот процес и подготовките за пописот истакна дека критичниот момент ќе биде на полноќ меѓу 31 март и 1 април. Тоа значи дека починатите граѓани и родените бебиња по овој критичен момент нема да влезат во статистиката. Семејствата или блиските роднини ќе треба да дадат информации за починатиот член доколку тој починал по критичниот момент, но пред да пристигнат попишувачите во нивниот дом.

Професорката Мирјана Најчевска, во изјава за ЦИВИЛ Медиа, на 24 февруари, вели дека неколку члена во Законот за попис, сепак, не се во согласност со европските правила, особено оној кој одредува  кој се попишува и на кој начин се попишува.

„Значи се попишуваат само оние кои во моментот се наоѓаат на територијата на државата, и се попишува на начин кој овозможува што е можно повеќе оној кој ги дава податоците навистина да ги знае тие податоци, односно да не доаѓа до манипулација или до узурпирање на личното право на луѓето за давање на податоци“, вели Најчевска.

Од друга страна, Најчевска смета дека опозицијата со целокупната своја активност веќе однапред го девалвира она што би требало да претставува реална бројка добиена во рамките на пописот, која што понатаму треба да се искористува за планирање, правење на стратегии, акциони планови и сл.

На 25 февруари, националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски, се сретна со претставници на српската етничка заедница во Северна Македонија. Фокусот на средбата беше важноста од спроведување на успешен попис, во контекст на заложбите на Владата интегрирани во Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот 2020-2022 година. Заклучокот на средбата беше дека за да имаме успешен попис неопходна ќе биде вклученост на сите. Само на тој начин ќе имаме попис со релевантни податоци кои се основата за креирање на квалитетни политики кои одговараат на потребите на сите.

„Бојкотирачите“ на пописот не изостанаа со активности, па така ВМРО-ДПМНЕ се пофали дека преку иницијативата за укинување на пописот преку собирање потписи, собрале над 65 илјади до 24 февруари. Иако, ВМРО-ДПМНЕ  постапката можеше да ја спроведе преку своите пратеници, тие одлучија да покажат дека и граѓаните се против пописот.  „Ако сакаа да биде правно издржано, требаше да одат согласно Законот, да собираат потписи преку подрачните единици каде што едноставно можеа да соберат одреден број и така ќе имаа можност да покренат законодавна иницијатива. Впрочем, секој оној што се потпишува најпрво треба да се легитимира пред да се потпише“, изјави Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставен суд за Плусинфо, на 23 февруари.

Во случајов, собирањето потписи против пописот се врши на улица и нема никаква легитимност.

Оние од партијата на Јанко Бачев, пак, се собраа под мотото „Не отворам врата“, именувајќи се како национален блок кои својата иницијатива за блокирање на пописот ја поднесоа до Уставниот суд со оспорување на неколку членови од Законот за попис.

Во најава, токму истакнувајќи ја потреба и значењето на пописот како статистичка операција, ЦИВИЛ за наредната недела подготвува панел дискусија за влијанието и придобивките на пописот на локално ниво.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ