• Latest
м-р Перо Наумовски

Народната банка и забраната за исплата на дивиденда на банките

February 27, 2021
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Народната банка и забраната за исплата на дивиденда на банките

Што и се случи на Народната банка? Како гром од ведро небо, во почетокот на трговскиот ден на 26.о2.2021 г. на Македонската берза беше примена ,во најмала рака непријатно изненадувачка , одлуката со која НБ привремено ја забрани исплатата на дивиденда на банките за остварените резултати во 2020 г.

February 27, 2021 11:44
in ЕКОНОМИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
м-р Перо Наумовски

м-р Перо Наумовски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕРО НАУМОВСКИ

Што и се случи на Народната банка?

Како гром од ведро небо, во почетокот на трговскиот ден на 26.о2.2021 г. на Македонската берза беше примена ,во најмала рака непријатно изненадувачка , одлуката со која НБ привремено ја забрани исплатата на дивиденда на банките за остварените резултати во 2020 г. Скоро истовремено Комерцијална банка објави поделба на дивиденда , а кон крајот на денот истото го стори и ТТК банка. Инвеститорите беа комплетно збунети. Вистинска бура на домашниот банкарски пазар но уште повеќе на берзата. После првичниот шок Македонската банкарска асоцијација најави можност да поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на одлуката со која Народната банка времено им забрани на банките да делат дивиденда од остварената ланска добивка.

Што сака НБ да постигне со оваа одлука? Како што соопштија од НБ, одлуката е донесена поради неизвесноста од коронакризата.Мерката е времена , и е превентивна, со цел натамошно зголемување на отпорноста на банкарскиот систем и одржување на стабилноста , во услови на неизвесност околу понатамошниот тек на здравствената криза. Во продолжение на образложението Советот на НБ  оценува дека како и последните податоци покажуваат дека банкарскиот систем успешно ја одржува својата стабилност , при што кредитите и понатаму растат , а капиталните позиции на банките се стабилни. И на крајот НБ потсетува дека вакви привремени ограничувања во однос на дивидендите се воведени и во земји од регионот и пошироко.Образложението на НБ е контрадикторно.

Кои се всушност позитивните а кои се негативните ефекти од оваа одлука и дали воопшто  истата е легална ?

Пред да донесеме конечна одлука за ефектите од истата да провериме некои факти кои многу ќе ни помогнат да извлечеме конечен суд.

Европската централна банка уште минатата година на почетокот на пандемијата донесе слична одлука која особено беше задолжителна за банките од еврозоната. НБМ минатата година не донесе вакава одлука. Значи не држи аргументот дека доследно се следи политиката на ЕЦБ.

Во македонскиот банкарски систем сите банки меѓу кои и две од трите најголеми се во сопственост на странски банки членки на еврозоната и тие мерки ги почитуваа и минатата година а ќе ги почитуваат и оваа година.Минатата година не поделија дивиденда а нема да поделат и оваа .Исклучок е само Халкбанка која е во државна сопственост на Р.Турција и не припаѓа на еврозоната. Само три банки се во доминатна сопственост на домашни правни и физички лица а тоа се: Комерцијална банка (3,44%) , ТТК банка(1,21%) и  Стопанска банка Битола (3,14%). Во заградата се дадени процентите на учествтото на странски инвеститори во основната главнина.

Оваа одлука всушност ги засега само овие три банки иако се однесува и на сите други.

Комерцијална банка и ТТК банка објавија одлуки за дивиденда и доколку под претпоставка истото го направи и Стопанска банка Битола износот кој се планира да се подели како дивиденда во овие три банки би изнесувал 24,5 милиони евра. Од овој износ во буџетот како персонален данок од доход ќе бидат уплатени 2,5 милиони евра.

Во тргувањето на Македонска берза банкарскиот сектор во вкупниот промет учевствува со 60%  и ваквата одлука многу негативно ќе се одрази врз прометот и довербата во ионака кревкиот и слабо развиен пазар на долгорочни хартии од вредност.

Каква порака со оваа одлука НБ испраќа до инвеститорите кои пред се бараат извесност и предвидливост на своите вложувања. Го загрози ли со оваа одлука НБ неприкосновеното право акционерите слободно да располагаат со остварената добивка. Барем одлуката да ја донесеа благовремено пред почетокот на годината и инвеститорите да ја имаа во предвид при носење на инвестициони одлуки.

Има многу примедби на функционирањето на банкарскиот сектор и на односот на банките кон клиентите и штедачите кои НБ треба да се потруди да ги подобри и отстрани но оваа одлука не е една од нив, напротив.

Средствата од дивидендата домашните инвеститори најчесто повторно ги реинвестираат  во хартии од вредност или завршуваат како лична потрошувачка што е исто така позитивно за економијата. Во буџетот ќе се слеат 2,5 милини евра приход. Банките како економски субјекти се дискриминирани во однос на другите економски субјекти од другите дејности кои слободно можат да делат дивиденда и со тоа да предизвикаат нивно фаворизирање на берзата.

Со оваа одлука отпорноста на банкарскиот систем ќе се зголеми времено со 24,5 милини евра и помалку 2,5 милини евра уплатени во буџетот.Само за потсетување кредитниот потенцијал на банкарскиот сектор изнесува повеќе од 7 милијарди евра.

Минатата година, на почеток на корона кризата, во услови на вонредна состојба , техничката влада донесе иста ваква одлука која предизвика големи турболенции на пазарот. Одлуката барем се однесуваше на сите субјекти а не само на банките како сега. Само после неколку дена истата беше повлечена но штетата која ја предизвика беше голема . Како да не беше доволно тоа лошо искуство од лани.

Народна банка е должна малку подетално да ја образложи оваа контраверзна одлука за  да ја убеди јавноста и инвеститорите а можеби и Уставниот суд во нејзината легалност и целисходност. Народна банка заслужено ужива голем углед во јавноста кој е резултат на минатиот труд , со носење секогаш  издржани добро промислени и вистински одлуки. Токму затоа оваа одлука во најмала рака е чудна.

Дали е ова независна одлука на НБ ?

Во спротивно, ќе остане впечатокот дека и на НБ и се случи да заколе вол за една шницла.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ