ВЕСТ НА ДЕНОТ: Владата усвои агенда „Европа дома“ за примена на европски стандарди и вредности
Владата денеска ја усвои Агендата „Европа дома“ во која што се преточени принципите и заложбите поставени како приоритет во владината акција 21 со која, како што објави премиерот Зоране Заев, е потврдена одлучноста да се имплементираат европските стандарди и вредности во секој сегмент на нашето општество.
Станува збор за агенда на Владата и за другите институци како што се Собранието, правосудните органи, Државната изборна комисија, Држваната комисија за спречување на корупцијата, како и други агенции и комисии кои во соработка со Владата ќе ги завршат преостанатите активности за целосна европеизација на системот и на нивната работа според стандардите на ЕУ како наши одредници.
-Агенда дома е своевиден роковник со утврдени активности и нивни носители кои во точно одреден рок треба да ги завршат своите обврски за да ги унапредиме институциите и системоѕ. Преку тоа граѓаните ќе добијат подбри услуги и подбар живот и уште еднаш да докажеме дека Сецерна Македонија го заслужува местото во ЕУ и дека природно припаѓа во европското семејствонарод, рече Заев на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на која присуствуваат и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министрите за правда и за финансии Бојан Маричиќ и Фатмир Бесими.
Документот е подготвен врз основа на обврските кои сме ги во рамките на заедничките тела меѓу Северна Македонија и ЕУ а кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и препораките на Европската комисија.
Документот го подготви вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров со тимот на Секретаријатот за европски прашања.
За секоја приоритетена област, посочи Заев, се наведени прецизни цели и надлежни институции, како и рокови за нивна реализација, додека документот е консултиран со невладини организации кои работат во областа на евроинтеграциите како и со Делегацијата на ЕУ.
– Оваа граѓанска Влада успеа да ја постави земјата на патот на безбедноста и сигурноста и постигна значителен напредок во клучните политички и економски области. Тој напредок е признат од сите наши стратешки партнери. Станавме 30-та членка на НАТО и добивме едногласна безусловна препорака од Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори, нагласи Заев.
За жал, посочи Заев, поради недавање на согласнот од една земја-членка за одобрување на рамката за преговори, првата меѓувладина конфернеција за официјлано започнување на преговорите се уште се нема случено.
– Долго сме во процесот и секако нема да запреме. Се соочуваме со предизциви, но нема да бидеме обесхрабрени. Продолжуваат политичките и дипломатски напори и обиди за отсранување на ветото од Бугарија. Кога сме посветени и сплотени резултатите ќе дојдат, рече Заев.
Продолжуваат и реформите, посочи Заев, со кои европските стандарди ги внесуваме дома, во нашиите институции за да ги ползуваат нашите граѓани и затоа документот Агенда Европа дома се потпира на новата методологија и кластерот темели.
– Акцентот е ставен на изборната реформа, на правосудството, на борбата против корупцијата и организирнаиот криминал, на темелните човекови права, на реформите во медиумската сфера, на економското владеење и на реформата во јавната администрација, рече Заев.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Без разлика на одложувањето на процесот, ние нема да креваме раце и паралелно со битката за формален почеток на пристапните преговори, ќе си ја туркаме и домашната агенда на промени. Меѓу другото, тоа мене, како вицепремиер за европски прашања ми е и еден од главните мотиви и предизвици – напредокот за којшто зборува ЕУ во извештаите, да го симнеме од лавиринтите на хартиите и администрацијата на ниво на коешто ќе го почувствуваат самите граѓани, преку коренити промени во функционирањето на самиот државен систем, подвлече вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
(ВИДЕО) Главни поенти од извонредната дебата за пописот, одржана во Штип
„Ние сме политички битија. Ние секој ден вежбаме политика, секој ден донесуваме политички одлуки. Нашиот живот секојдневно се состои од „политичарење“. Дали тоа е исправно или не, тоа секој си носи своја одлука. Важно е ние да работиме за доброто иако можеби нема да се согласуваме. Ако мислиме дека ни е потребен попис, пописот не е консензус, пописот е цензус и треба да знаеме точно за што зборуваме“, изјави директорот на „Дом на млади“, Штип, Горан Трајков, на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“.
Политиката да се одвои од статистиката, бидејќи пописот тоа и е – статистичка операција, а не полигон за етно-политички пресметки. Започнатиот попис е тема на ова издание на политичкиот видео магазин СКЕН.
Градоначалникот на Штип, Сашко Николов, претседателката на Совет на општина, Маријана Рогожарска Поповска, претседателката на пописна комисија, Соња Китанова, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Здравков, советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Христина Серафимовска, директорот на Дом на млади, Горан Трајков и главниот уредник на ТВ Ирис, Војо Маневски, учествуваа на панел дискусијата „Попис: Статистика, не политика“, во Штип, во организација на ЦИВИЛ.
ФЛЕШ ВЕСТИ
На денешната седница на Владата донесена е одлука за забрана за движење на населението и на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник).
Одлуката за забрана за движење не важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници, појасни на неговиот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Отсекогаш став на Владата било дека пред влезот во ЕУ ние мора да го отвориме Уставот. Една од причините се токму и помалубројните заедници, кои се присутни и живеат овде и треба да се внесат. Тоа го направи Хрватска, непосредно пред влезот. Имаме години пред нас, но изразената волја дека имаме спремност, не само за Бугарите, за Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците, Романците и други кои ги имаме во државата од помалубројните етнички заедници, како отворено општество, европска земја, да го следиме примерот на европските земји“, изјави премиерот Зоран Заев.
Министерот за правда, Бојан Маричиќ во воведното обраќање на јавната расправа за предлог измените на Законот за парнична постапка, каже дека покрај намалувањето на висината на паричната казна за учесниците во постапките, со овие измени се отвора и законска можност за дигитализација на работењето на судовите.
Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска попладнево на својот фејсбук профил објави дека се вакцинирала против КОВИД-19.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Пораките од 8 Март не смее да се заборават. Борбата за родова еднаквост и санкционирање на дискриминацијата и насилството трае секој ден. Тоа е наша заедничка борба за човекови права и слободи. Правата на жената се човекови права.
И сѐ додека луѓето мислат дека ова се обични фрази кои траат само еден ден во годината, жените, а со тоа и сите човечки суштества остануваат жртви на дискриминацијата и насилството. Еден конкретен пример за тоа е протестот на активист(к)ите за човекови права кои на 8 март од институциите побараа расчистување на грозоморниот случај „Јавна соба“ во кој девојки и жени се злоупотребени, понижени, уценети и малтретирани пред очите на јавноста. Што може да биде поважно од тоа?“, пишува Џабир Дерала во колумната „Камбани од картон“.
Дијана Тахири во колумната „Полициски час ноќе, мераци дење!“ пишува: „Превентивната мерка полициски час, со оваа временска поставеност, веројатно нема да го даде саканиот ефект, односно, нема да ја намали бројката на заболени, со оглед на тоа дека од 05 часот наутро до 22 часот (а тоа е цел ден, и добар дел од вечерните часови) граѓаните се движат слободно. Автобусите се преполни веќе од раните утрински часови, не се применува мерката намален капацитет на патници, сите седишта се окупирани, патниците се допираат, се создава гужва при влез и излез од автобусите, а тука се и патниците што не носат заштитни маски. ЈСП (а можеби треба и Град Скопје) досега не одреди контролори или редари што ќе се погрижат тие патници да не се качуваат во автобуси, или да ги симнуваат, додека контролорите за автобуски билети ( често се и по три –четири заедно) „хараат“ по автобуси во потрага на патници без билети, и притоа се крајно арогантни, небаре фатиле некој со бомба!
Носењето заштитна маска на отворено е оправдана и потребна мерка, но, според другите практики како што е седнување по кафулиња и ресторани каде што нели, се оди на пијалак или закуска, се трга маската од лице, како со магично стапче да го снемува вирусот, е нелогична и во најмала рака, апсурдна“!
Дехран Муратов во колумната „Се знае дека Ромите се тие што крадат, па дури и кучиња!“ пишува: „Другар(к)и, тие Роми, (за кои не се приложени докази, туку само претпоставка и констатација) кои се посочени дека го украле кутрето, па дури и да е така, дека неколку припадници на ромската етничка заедница го украле кутрето, тие имаат име и презиме, а не со големи букви да се напише „РОМИТЕ ми ја украле“, и со тоа сите Роми да се означат како КРАДЦИ.
Кога веќе (без докази) се покажува со прст на сите Роми дека се крадци, тогаш ќе беше добро да се напише, на пример, кои се тие Роми, оние со темна или побела кожа, со исламска/христијанска/будистичка вероисповед, со хомо/би или хетеросексуална ориентација, навивачи на Вардар/Шкупи/Јувентус… Кои Роми го украле кучето – Ковачите, Џамбазите, Конопљарите, Баручиите… Кои Роми? Или сите Роми?
Или за Ромите важи мислењето од репликата од српскиот филм „Ивкова слава“ дека: „Има разни Цигани, односно има Цигани, Цигани и Цигани“! Или репликата од српскиот филм „Ко то тамо пева“ кога во автобусот е украден паричник и крадецот што го украл паричникот гласно извикува: „Што ќе се проверуваат чесните граѓани, се знае овде кој сака да краде“ – посочувајќи ги двете Ромчиња во автобусот кои без да бидат сослушани беа претепани од патниците“!
Д. М.












