• Latest

Преглед на настани: ЦИВИЛ за промени преку почитување на различностите, вакцинацијата и полицискиот час започнуваат денеска, пописот останува жешка тема

March 10, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: ЦИВИЛ за промени преку почитување на различностите, вакцинацијата и полицискиот час започнуваат денеска, пописот останува жешка тема

March 10, 2021 16:40
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ЦИВИЛ го започна проектот „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ во соработка со Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург

ЦИВИЛ го започна проектот Направи разлика: Почитувај ги различностите во соработка со Министерството за надворешни и европски прашања на Големото војводство Луксембург. Проектот е продолжение на минатогодишната извонредно успешна иницијатива Обединети во различноста.

Направи разлика: Почитувај ги различностите е проект за промовирање на мултикултурализмот и европските вредности. Проектот има цел да ги ублажи разорните последици од етничката омраза и антизападните кампањи, преку кампања за јакнење на јавната свест, медиумска продукција и настани што ќе се фокусираат на позитивните пораки за мултикултурализмот и европските вредности.

Во месеците што доаѓаат, ЦИВИЛ ќе покани јавни личности, креатори на јавното мислење, експерти, политичари и граѓанки и граѓани да зборуваат за различностите и европските вредности.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Сите ќе испратиме силна порака против национализмот

„Проектот Направи разлика: Почитувај ги различностите е одлична можност да научиме едни за други и да зборуваме за убавината на различностите. Тоа ќе им даде глас на мнозинството луѓе кои ги прифаќаат европските вредности и македонската иднина во ЕУ. Сите ќе испратиме силна порака против национализмот. Македонското општество е мултикултурно, мултиконфесионално и мултиетничко. Овој факт на реалноста е убавина и голем потенцијал“ – изјавуви Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

 ФЛЕШ ВЕСТИ

Полициски час -На предлог на Комисијата за заразни болести со цел да се спречи натамошен пораст на бројките на заболени и хоспитализирани од КОВИД-19 Владата одлучи од денеска до 22 март биде воведен полициски час што ќе трае од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а движењето во време на ограничувањето ќе биде можно само со дозволи.

Вакцинација– Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска почнува вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината „Спутник V“. Во поликлиниката Букурешт, пак, почнува ревакцинацијата со вакцината на „Фајзер“.

Попис – Пописот треба да го спроведеме, тоа е статистичка операција и секој треба да си ја преземе одговорноста, вели премиерот Зоран Заев.

– Има земји кои што го одложиле, но тие имаат последни податоци од пред 10 години. Ние имаме последни податоци од пред 20 години и навистина правиме грев пред граѓаните со сето тоа што е работење на јавните институции со нивните пари на непознати податоци. Треба да го спроведеме пописот и апсолутно е јасно како операцијата се спроведува со анкетен прашалник, согласно протоколите, како што течат сите постапки. Можеме да го завршиме пописот. Тоа е статистичка операција и треба да си ја земеме одговорноста, изјави Заев во одговор на новинарско прашање по денешната посета на „Скопје Ист Гејт“

Државната комисија за спречување на корупција почна со вселување во новите простории – 2 430 метри квадратни на три ката во зградата на Службата за општи и заеднички работи, спротив МНР, со што се решава просторниот проблем на антикорупционерите и се овозможува ставање во функција на софтверот и опремата за поврзување на антикорупционерите со останатите 17 институции од кои треба да се црпат информации, при откривање на случаи поврзани со корупција и судир на интереси.

Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска во Гевгелија, во рамки на одбележување на завршување на проектот „Намалување на ризикот од пролиферација на оружје и муниција“ што се реализираше во изминатите три години, потпишаа Меморандум за соработка со што го означија стартот на новиот проект „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје.

Правда -Следното рочиште за судскиот предмет „Меѓународен сојуз“ е закажано за 18 март. Судијката Софче Ефремова, најави дека на ова рочиште е предвидено да сведочат лицата Јордан Камчев и Агапи Дика. Воедно таа посочи дека судот е известен дека барањето на обвинетиот Бојан Јовановски, за изземање на обвинителката Вилма Рускоска, е одбиено како неосновано.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ со панел дискусија „Попис: Статистика, не политика“ во општина Гостивар

Панел на ЦИВИЛ во Гостивар: Пописот е статистика, а не политика

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ 

Рашковски купил софтвер за МВР што не се користи, Заев вели дека софтверот ќе се користи во иднина, Рашковски тврди дека не патентирал никаков софтвер, ДКСК отвори предмет

Рашковски купил софтвер за МВР што не се користи, Заев вели дека софтверот ќе се користи во иднина, Рашковски тврди дека не патентирал никаков софтвер, ДКСК отвори предмет

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ќе биде многу напорно додека се дочека крајот на месецот и вонредниот конгрес на иницијаторите за смена на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нивните противници, раководството од „Белата палата“, навистина лавовски се борат за својот опстанок: пропагандната рерна им е вклучена на 1.500 степени, топат партиско „олово“ во неа, не дозволуваат „мува да прелета“ без да направат „тепих“ со тешка артилерија! Гине во таа стратегија и по некое „цивилно население“, ама пресметката е на „живот и смрт“, недолжни цивили не се признаваат. Се кинат глави со „снајпери“, само да зуцне некој како што не треба!“, пишува Сашо Орданоски во колумната Мала ноќна музика

„Димче ќе бојкотирал попис. Бојкотираше и референдум. Бојкотира и одење на работа во Собрание, ако нема камери, а има работа. Велат се потпишува, седи некоја минута и си оди. Пратеничките прашања ги користи за да си реши лични проблеми, изгледа и проблемите на народот ги бојкотира. А лапа голема пратеничка плата од граѓаните.“, пишува Петрит Сарачини во колумната  „Димче бојкотира сè, само парички – не!“

Дијана Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ