пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Димче ќе бојкотирал попис. Бојкотираше и референдум.
Бојкотира и одење на работа во Собрание, ако нема камери, а има работа. Велат се потпишува, седи некоја минута и си оди. Пратеничките прашања ги користи за да си реши лични проблеми, изгледа и проблемите на народот ги бојкотира. А лапа голема пратеничка плата од граѓаните.
Ги бојкотира СДСМ, а сè почесто и неговите ВМРО, на кои со реторика и им лапа гласови „негувани“ со години лаги и мразачка пропаганда. Бојкотира и бивши другари од „Левица“ што му направија партија додека советникуваше и лапаше државен хонорар во СЈО.
Ги бојкотира и колегите што ги насанка и им исчезна на штрајкот со глад во Штипскиот универзитет, каде потоа се „ухлеби“ на државен буџет.
Ги бојкотира и невладините организации, особено оние со прозападна ориентација, женските активистки, ЛГБТИ и други, ги нарекува „сороспии“, „платеници“, „либтарди“ (од либерал и ретард). Иако, и сам бил дел од такви активности и добивал пари од странски проекти од Западот.
Бојкотира и новинари, оние што не мислат како него, ги плука, омаловажува, навредува, хушка против нив други плукачи…
Ова испаѓа – Димче бојкотира сè! Само паричките на „Северна“ а богами и на странците – Не!
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.