• Latest

Вакцинацијата тече без проблеми, власта ветува поголеми количини кон крајот на март

March 14, 2021

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Вакцинацијата тече без проблеми, власта ветува поголеми количини кон крајот на март

March 14, 2021 09:51
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Северна Македонија досега пристигнаа осум илјади вакцини Фајзер и три илјади Спутник V, со првите се вакцинираат и ревакцинираат здравствените работници, а вакцинирањето за повозрасните со вторите почна во средата во поликлиниката „Јане Сандански“. Властите најавуваат дека кон крајот на месецот ќе пристигнат поголеми количини, а во меѓувреме завчера на меѓународниот аеродром во Албанија пристигнаа 38 400 вакцини од Астра Зенека, преку Ковакс механизмот, преку кој и Северна Македонија очекува вакцини.

-Вакцинацијата за просветните работници започнува утре. Уште 60.000 дози ќе пристигнат во април. Идејата е да се направи интензивна вакцинација. Подготвени сме, од утре, да организираме, заедно со Косово, да им дадеме можност на лекарите и медицинските сестри од ковид болниците, почнувајќи од болницата во Приштина. Ги чекаме братски во Кукс, каде ќе ги примат вакцините, изјави завчера албанскиот премиер Еди Рама.

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за ТВ 21 во четвртокот излезе со став дека Ковакс механизмот потфрлил. Нагласи дека тоа веројатно е поради тоа што Ковакс механизмот е гломазен и затоа што има околу 180 земји партиципиенти.

-Со европскиот солидарен фонд се случи истата работа. Во овој момент, да не се сфати како оправдување за нашите власти, не постои европска држава во моментов, ниту една членка на Европската Унија, каде што граѓаните се доминантно задоволни од тоа како тече процесот на вакцинација, истакна Пендаровски.

Тој појасни дека има три начини да се дојде до вакцини – Ковакс механизам, кој е глобален, практично во позадина е Светската здравствена организација, која ги собира сите апликанти, Европската Унија преку таканаречениот солидарен фонд и третиот начин е билатерално, директно како држава да комуницираш со производителите или дистрибутерите.

Премиерот Зоран Заев неодамна изјави дека државава има нарачано околу два милиони и 350 илјади вакцини и оти се очекува од крајот на месецов да почнат да пристигнуваат поголеми количини.

Во однос на вакцинацијата во земјава, директорката на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, Милена Стевановиќ во интервју за МИА рече дека е добро организирано и засега тече без проблеми.

– Засега нема пријавено некои поголеми несакани ефекти од двете вакцини. Имало алергиски реакции, но навремено и соодветно се реагирало. Вакцинацијата е добро организирана и засега тече без проблеми, но со примањето на вакцината не значи дека граѓанинот е веднаш заштитен. Секоја вакцина е различна и оние што ги имаме моментално и оние кои се очекуваат, потребен е различен временски период за да се стекне имунитетот,  нагласи Стевановиќ, апелирајќи до секој што ќе прими вакцина да продолжи да ги почитува мерките.

Таа наведе дека сме сведоци на известувања од целиот свет каде што е почнат процесот на вакцинација дека има голем број на луѓе кои после давањето на првата вакцина пројавиле симптоми и биле позитивни. Тоа, како што образложи Стевановиќ, само значи дека не се дочувале во периодот по вакцинирањето и не ги применувале мерките.

Набавката на вакцините повторно предмет на препукување меѓу власта и опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ го обвини Министерството за здравство за нерегуларности при набавката на вакцините од Кина.

Пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДМНЕ вчера излезе со тврдење дека Министерството за здравство на сметка на Стабри Интернешенал, фантом фирма од Хонг Хонг уплатило 12.5 милиони евра за 200.000 вакцини. Додаде дека тоа го потврдува документ издаден од Дојче банк на 25 јануари 2021 година, кој требал да послужи за склучување на договор со Синофарм за купување на 200.000 вакцини за потребите на Македонија го потврдува тоа.

-Од каде и на фирма со тројца вработени 12.5 милиони долари и дали овие пари, се парите кои македонската влада на Заев и Филипче ги уплатила како аванс за набавка на вакцини?! Ова е доказ дека Заев и Филипче плаќаат 62.5 долари за една вакцина. Податоците кои ги објавуваат медиумите е дека една вакцина на Синофарм чини најмногу до 32 долари, истакна Лефков.

Од Министерството за здравство изглегоа со реакција, во која категорично ги демантираат и осудуваат пласирањата на лажните документи што опозицијата и медиуми блиски до неа ги прикажуваат дека се составен дел од процесот за набавка на вакцини против Ковид -19.

-ВМРО ДПМНЕ свесно сака политички да профитира по цена да се наруши договорот за набавка на вакцини и по цена на здравјето на граѓаните. На помош на опозициската партија се и некои медиуми кои единствено од за нив разбирливи причини објавија таканаречен документ, кој е лажен, на ниту еден начин не е поврзан со процесот за набавка на вакцини, како што сакаат да и прикажат на јавноста, нагласија од МЗ.

Во соопштението се додава дека во во тој нивни „доказ“ се спомнува сума која е лажна иако сакаат да ја прикажат како цена за купување на вакцини.

-Партијата ВМРО-ДПМНЕ и медиуми блиски до нив сакаат да одржат во живот афера која не постои, сакаат да пласираат во јавноста криминал кој не постои, сакаат да спречат Владата и Министерството за здравство да купат вакцини против Ковид -19. И ВМРО ДПМНЕ и медиуми блиски до нив многу добро знаат дека процесите за набавка на вакцини се доверливи, посебно цените на вакцините тоа е глобална политика на сите производители, но и покрај тоа свесно се обидуваат преку лажни информации да наведат дека, од една доверлива постапка излегуваат податоци и документи во јавност. Уште еднаш Министерството за здравство демантира дека документот и сумата наведена во истиот се поврзани со набавка на вакцини, потенцираме дека станува збор за лажен податок, пишува во соопштението.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ