• Latest

Северна Македонија најподложна на лажни вести во време на Ковид-19

March 15, 2021

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Северна Македонија најподложна на лажни вести во време на Ковид-19

March 15, 2021 21:24
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во рангирањето за 2021 година во Индекс на медиумска писменост во рамки на проектот  Иницијативата за европски политики на Институтот отворено општество – Софија., Финска е на 1 место со 78 бода, по што следи Данска на 2. место со 73 бода, Естонија (3-то место со 72 бода), Шведска (4-то место со 72 бода) и Ирска (5-то место со 70 поени). Овие пет земји се со најдобрите показатели меѓу 35 европски земји, вклучени во индексот во рангирање од 1 до 35 (највисока до најниска позиција) на скала од 0 до 100 поени.

На дното на ранг листата се наоѓа Северна Македонија (35. место со 15 бода), Босна и Херцеговина (34. место со 19 поени), Албанија (33. место со 22 поени), Црна Гора (32 место со 26 бода) и Турција (31. место со 28 поени).

Како што наведува авторот, Марин Лесенски, програмски директор на Институтот, овој извештај предлага модел за мерење на претпоставките за медиумска писменост преку низа индикатори кои го илустрираат потенцијалот за одржливост во општествата на феноменот на „поствистина“.

Предложениот модел содржи неколку индикатори кои се однесуваат на различни аспекти на медиумската писменост и поствистината. Главната работа претпоставка е дека нивото на образование, состојбата на медиумите, степенот на доверба во општеството и ширењето на нови форми на учество го илустрираат постоењето и нивото на медиумска писменост.

Во заклучокот од Извештајот се вели дека ваквата состојба на медиумската писменост, влијанието и справувањето со лажните вести укажува на сѐ поголемата потреба од форми на контрола и регулатива . Сепак, постои и загриженост дека и самата борба против инфодемијата, како и кампањата против лажни вести, може да доведе од создавање на алатки на цензура од голем број влади и вклучувајќи ја тука и Европската Унија.

Индексот за медиумска писменост е создаден како алатка за проценка на потенцијалот на отпорот кон ширење лажни вести и „поствистина“ во европското општество. Една од хипотезите е дека квалитетот на образованието е фактор за утврдување на ова одржливост. Неодамнешното истражување за решавање на дезинформациите за Ковид-19, се вели во Извештајот,  покажа дека „зголеменото когнитивно разбирање и научните информации се поврзани со подобро расудување“  помага во отфрлање на  лажните вести за Ковид-19.17 Истражување на теориите на заговор открива дека пообразованите луѓе чувствуваат дека повеќе го контролираат својот живот, и имаат подобри аналитички вештини.

„Подобро и  функционално образование и специјализирана обука за медиумска писменост ќе обезбеди отпорност кон најтешките форми на лажни вести и поствистина. На крајот на краиштата, справувањето со лажните вести и дезинформациите ќе го намалат степенот на политичка и социјална конфронтација, ќе се зголеми нивото на доверба во општествата и ќе придонесе за поздрава животна средина (преносно и буквално) за време на пандемијата со  Ковид-19“, се вели во заклучокот на Извештајот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ