• Latest
Добро утро со Орданоски

Потрошениот шарм на Захариева

March 24, 2021

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Потрошениот шарм на Захариева

March 24, 2021 07:04
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Личниот придонес на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, за влошувањето на македонско-бугарските односи е толку голем, што ги надминува вообичаените очекувања од еден министер кој се труди да ја спроведува официјалната надворешна политика на својата земја.

Веројатно еден од елементите за таквото неприлично однесување е објективното потфрлање на нејзиниот ресор рустикалната антимакедонска политика да најде барем минимална поддршка кај евро-атлантските сојузници на Бугарија. Тој дебакл ја изложува на остра критика, па и потсмев, кај бугарската опозиција и кај еден интелектуален дел од бугарската јавност. Тоа ја тера на сè порадикални ставови и непристојности од типот на еден националистички кабадахија и провокатор каков што е Каракачанов.

Но, доволно долгата дипломатска традиција на една релативно мала земја каква што е Бугарија – не зборувам за бугарската политика во минати времиња и режими, а и лично познавам неколку врвни бугарски дипломати со чии способности и многу поважни и поголеми држави во светот би се гордееле – не може да си дозволи од првиот човек на софиското МНР ваков неквалитетен „третман“ на прашање што самите го дефинираат како нивен „национален интерес“. Тој интерес (во суштина, за ексклузивно толкување на регионалната историја) им е толку голем, што се подготвени да си ги нарушат односите и со други балкански држави, па дури и со (моментните) стратегиски партнери, човек да помисли дека самиот опстанок на Бугарија зависи од тоа…

Па, сепак, Бугарите деновиве повторно се најдоа „изненадени“ од предложените корекции во Извештајот за РСМ што треба да се гласа во Европскиот парламент, во чиј амандман се критикува бугарската актуелна политика кон Македонија. Во суштина, повторената порака – дека „се осудуваат неодамнешните провокативни изјави на членови на бугарската влада (се мисли токму и на г-ѓа Захариева – м.з.) во однос на историските прашања кои ја засегаат Северна Македонија и се противречни со духот на Договорот за добрососедски односи со Бугарија“ и дека се поздравува „зрелиот и балансиран одговор на тие провокации од владините претставници во Северна Македонија“ – е дека балканскиот инает не е добар рецепт за остварување на стратегиските интереси на Унијата на овој дел од континентот.

Захариева (чие потекло е од Пазарџик кој, патем, до 1934 година официјално се викаше Татар Пазарџик, бидејќи е основан во 15 век од Татарите, на левиот брег на реката Марица) е на чело на бугарската дипломатија неколку месеци пред потпишувањето на бугарско-македонскиот Договор за пријателство, добрососедство и соработка на почетокот од август 2017 година. Таа не може да каже дека „наследила“ важечки билатерален договор меѓу две земји што бил лошо составен или со чија содржина и намери лично не се согласува(ла).

А, сепак, само неколку години по неговото потпишување, Захариева сега бара негово менување, дополнување, дообјаснување… Со текот на времето, аргументите за тоа Захариева ги „штелуваше“ неконзистентно и често сензационалистички, а неколку од тие недипломатски и не многу интелигентни бравури ќе останат за паметење (оние вињети за Тито, за Југославија, за фашизмот и сл. имаат трајна хумористична вредност).

Сега бугарската аргументација главно е сведена на анегдотални цитати од антибугарскиот простотилак што се лее по македонските социјални платформи… Но, европските колеги на Захариева не се многу импресионирани од кочењето на регионалната проевропска политика поради тоа што на Фејсбук, навистина, се распламти антибугарска кампања во Македонија, додуша откако Захариева и Каракачанов полеаја неколку танкери антимакедонска нафта врз пламенчињата што ги потпалуваа нивните овдешни „колеги по оружје“, македонските националшовинисти.

Сè на сè, Захариева не се прослави во врска со „македонското прашање“ ни во Софија ни во Брисел, а за Скопје дума да не стане! А дали по изборите во Бугарија таа ќе продолжи да го води надворешниот ресор на земјата, е прашање за кое никој во моментов не може да има одговор. За нас, секако, некој кој нема таква антимакедонска пизма би било подобро решение од мадам Захариева. Инаку, останавме со македонско-бугарските односи на милоста и немилоста на Фејсбук…

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ