• Latest
Архива на ЦИВИЛ, скен од книгата „Приказната за Неограничен мир“: Рок за мир, 24 март 2001 година, на сцената е музичкиот состав ЛП.

Преглед на настани: Бојкотирање на пописот е кривично дело, ОЈО без одговор на прашањата од ЦИВИЛ, 20 години Рок за мир…

March 24, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Бојкотирање на пописот е кривично дело, ОЈО без одговор на прашањата од ЦИВИЛ, 20 години Рок за мир…

March 24, 2021 17:21
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Архива на ЦИВИЛ, скен од книгата „Приказната за Неограничен мир“: Рок за мир, 24 март 2001 година, на сцената е музичкиот состав ЛП.

Архива на ЦИВИЛ, скен од книгата „Приказната за Неограничен мир“: Рок за мир, 24 март 2001 година, на сцената е музичкиот состав ЛП.

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ Повикувањето на бојкот на пописот е кривично дело

Во име на Владата и на Државниот завод за статистика, владините потпароли Душко Арсовски и Муамет Хоџа, како и Јасмина Ѓорѓиева од ДЗС, на денешната прес-конференција потенцираа дела пописот е граѓанска обврска утврдена со закон и дека тоа подразбира одгвороност на секој граѓанин кон државата. Како што објаснија повикување на бојкот на пописот е кривично дело според член 387 од Кривичниот законик кој предвидува парична казна или затвор до 3 години за оној, што ќе организира други на отпор и на непослушност. Ако, пак, поради делото не е спроведено или значително е отежнато спроведувањето на законита одлука или мерка, или ако делото го стори како водач на група сторителот ќе се казни со затвор од 1 до 5 години.

Портпаролот Арсовски информираше дека за теренскиот дел е обезбеден потребниот број на попишувачи и почнува обуката на реонските инструктори, при што нагласи дека здравствените протоколи со кои е предвидено да се спроведува Пописот гарантираат највисоко ниво на заштита и за попишаните и за попишувачите.  Арсовски посочи дека податоците од Пописот се доверливи и заштитени по највисоките стандарди и со учеството во оваа статистичка операција секој придонесува државата да има релевантни и точни податоци, а не претпоставки, за да може да се креираат политики за натамошен развој.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Повикувањето на бојкот на пописот е кривично дело според чл 387 на КЗ… Пописот во услови на пандемија е целосно безбеден и граѓаните треба да бидат спокојни. Здравствениот протокол за пописот 2021 е изготвен до најситен детал за да се заштити здравјето и на попишувачите и на попишаните. Пописот е граѓанска обврска утврдена со закон. Учеството во пописот е задолжително и претставува одговорност на секој граѓанин кон државата“, изјави потпаролот на Владата, Душко Арсовски, на денешната прес-конференција.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Денеска се навршуваат 20 години од одржувањето на манифестацијата „Рок за мир“ на 24 март 2001 година во организација на ЦИВИЛ, а во партнерство со Пакс Кристи Холандија, Нансен дијалог центар и други. ЦИВИЛ беше првата организација во земјата која од првиот ден на оружениот судир во земјата апелираше за мир и помирување и даде огромен придонес кон мировните напори и надминување на етнички мотивираното насилство. На сцената на МКЦ таа вечер, во воената 2001-ва година, на сцената настапија девет најпознати македонски рок и поп состави, како Архангел, Бла-Бла, Санаториум, Суперхикс, Нон Стоп, ЛП, Гаро и Парамециум, Ласт Експедишн и Мозаик, како и норвешкиот бенд Кине.

Организацијата остана доследна на своите позиции во застапување и промоција на ненасилството и мирот, одбраната на човековите права и слободи, слободата и еднаквоста.

Организацијата го одбележа јубилејот скромни и работно, со пораката: „Нека им е честит јубилејот на сите учесници во овој голем и важен настан и на сите поддржувачи на мирот во нашата земја.“

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за уште два бесплатни вебинари што ќе се одржат на 2 и 3 април со почеток во 13 часот. Повеќе информации може да се најдат и на FACEBOOK EVENT за вебинарот. Заинтересираните се повикани да пополнат АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО за да добијат можност за учество.

По дебатите за пописот во Штип, Гостивар и Гевгелија, ЦИВИЛ ќе одржи дебата и во Скопје, на 30 март.

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ Маричиќ во Брисел, Левица на шофершајбните

Можеби некои не ја сфаќаат сериозноста дека ваквиот чин на повикување на бојкот против законити одлуки или мерки на државен орган, а такви се и акцијата за собирање на потписи против пописот што ја започна Мицкоски, па и на маргиналците собрани околу Јанко Бачев. Но сето тоа може реално да ја отежнат работата на попишувачите. Можеби тие се тука само за политизирање на пописот, што не е ништо чудно и ново со воспоставената пракса на политизирање на сѐ и сешто.

И додека скоро сите релевантни политички претставници на сите етнички заедници го промовираат пописот и придобивките од него, „здружената“ десница во земјата решила да собира политички поени под лошото образложение дека пописот е обид да се „демакедонизира“ граѓанството.

Убава и секако значајна е промоцијата на реформите во Брисел, но грди се шофершајбните на кои се „залепија“ бојкотирачите со хаштагот „Не отворам врата“. Уште погрд е молкот на носителите на правда во државата.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МОЛК Дали отворениот повик и јавната онлајн и теренска кампања преку делење на летоци за бојкот на пописот на политичката партија Левица претставува кривично дело?, е прашањето кое ЦИВИЛ Медиа вчера го постави до Основното јавно обвинителство, но, до  не доби никаков одговор од ОЈО. По пресот на Влада која дејствијата на Левица ги карактеризираше како кривично дело, ЦИВИЛ постави уште едно прашање до ОЈО: Дали ја проследивте изјавата на Владата за тоа дека организирањето на бојкот на пописот е кривично дело? Што планира ЈО да преземе во врска со ова?, на кое, исто така, не доби одговор.

ИЗБОРИ Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека останува определбата на следните локални избори да се гласа со отпечаток од прст. Тој истакна дека МВР е подготвено да направи трансфер на базата на податоци за отпечаток од прст целосно, дури и да си ја преземе обврската за менаџментот со оваа база.

ПОПИС „Пописот е статистичка операција во интерес на сите граѓани и не се прави ниту за Владата, ниту за некоја политичка партија, а Државниот завод за статистика гарантира за безбедноста на процесот и за почитувањето мерките содржани во Протоколот, со што никој нема да биде доведен во опасност, изјави Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

СОЈУЗИ Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи на почетокот на вториот ден од Северно – Атлантскиот Совет на НАТО изрази очекување за засиленото партнерство меѓу НАТО и на ЕУ и улогата на земјите од Западниот Балкан во овој сојуз.

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во Брисел ги потенцирал реформите во судството и се осврнал на проектот за дигитализација на судовите преку кој се дигитализирани над 100 судници.

ФИЛОСОФИЈА Најновата книга на Катерина Колозова, издадена од Блумсбери академик – Лондон, Велика Британија, „Холокаустот на животните: Нон-марксистичка критика на Капиталот, патријархатот и филозофијата“ (Capitalism’s Holocaust of Animals), прв пат издадена на крајот на 2019, доживува свое второ издание оваа пролет од истиот издавач (Блумсбери академик, Лондон), конечно има достапна цена и на Амазон.

HealthBuddy+ На панелот на УНИЦЕФ: Децата и младите се особено ранливи на дезинформациите за Ковид-19 се презентираше и мобилната апликација „HealthBuddy+“ која нуди пристап до проверени информации од доверба за КОВИД 19 вакцините, туку исто така овозможува да се преземе активна улога по пријава за дезинформации кои подоцна ќе бидат проверени со факти и потврдени од експертите.

ИНОВАЦИИ Велешката компанија „Брако“ денеска го презентираше првото возило на водороден погон во Европа, нов модел целосно развиен и произведен во земјава, под брендот „Грин машинс“, којшто е дел од компанијата „Брако“.

СЛОБОДНА ЗОНА: Орданоски за шармот на Захариева, Дечев за еколошка трансформација на земјата

„Сè на сè, Захариева не се прослави во врска со „македонското прашање“ ни во Софија ни во Брисел, а за Скопје дума да не стане! А дали по изборите во Бугарија таа ќе продолжи да го води надворешниот ресор на земјата, е прашање за кое никој во моментов не може да има одговор. За нас, секако, некој кој нема таква антимакедонска пизма би било подобро решение од мадам Захариева“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна Потрошениот шарм на Захариева

„Каква држава е потребна за успешна еколошка транзиција?

Потпишувањето на Парискиот договор го разоткри јазот во реалноста што ги обликува ставовите на владите кон животната средина. Усвојувањето на амбициозен и универзален договор за климата не го расчистува патот кон зелената држава. И токму таму започнуваат проблемите. Дискусиите и спротивставените страни за животната средина треба да завршат. Резервна планета немаме! Пристигна моментот за акција“, вели Стевче Дечев во Една ластовичка не ја прави пролетта!

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ