МУЛТИКУЛТУРА со Дехран Муратов и Ирена Крџиќ
„Различни по нивната етничка, родова, религиозна определба, сепак со исти пораки за „слобода“, љубов“, „мир“, „почитување“, „еднаквост“, и дека „сите се исти“… беа само дел од пораките кои стотина деца ги упатија на работилниците и јавните настани, во повеќе општини во земјата, „Заедно за иста цел“, дел од проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ во 2019 година.
Децата преку бои, симболи, пораки и црежи покажаа како тие придонесуваат кон мирот, слободата, другарството, ненасилството, односно испратија порака дека и покрај тоа што се различни, сепак, сите се исти и имаат исти права“, пишува Дехран Муратов во текстот насловен „Различни, но со иста порака за мир, еднаквост, слобода и почитување на различностите“.
„Голем дел од предрасудите кај учениците, се всушност карактеристики кои тие дома ги научиле од своите родители. Во сржта на човекот е да стои понастрана од непознатото, па затоа многу често ваквите карактеристики и облици се пренесуваат од генерација на генерација.
Мултикултурното образование е едно од најпопуларните концепти во денешното образование. И покрај растечката литература, значењето и импликациите на мултикултурното образование се слабо разбрани. Приодите кон мултикултурното образование значително се разликуваат. Главната цел на мултикултурното образование е да ги реформира сите образовни институции и училишта, така што учениците од различна етничка, расна, културна и социоекономско потекло имаат еднакви можности за образование и учење. Друга цел на мултикултурното образование е да се подобри квалитетот и образовната мобилност кај жените и мажите. Со други зборови, еднаквоста, без оглед на студентското потекло, е главната градба на мултикултурната филозофија на образованието. Ова е филозофијата што може да ги намали постојните етнички, културни и социоекономски диспаритети меѓу учениците и нивните влијанија во однесувањето“, пишува Ирена Крџиќ во текстот насловен „Мултикултурното образование е најпопуларен концепт во светот“.