• Latest
Филип Стојановски, Метаморфозис/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Стојановски: Заедничката работа на целото општество е клучна во надминување на дезинформациите и лажните вести

April 2, 2021
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Стојановски: Заедничката работа на целото општество е клучна во надминување на дезинформациите и лажните вести

April 2, 2021 14:48
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Филип Стојановски, Метаморфозис/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Филип Стојановски, Метаморфозис/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Дезинформациите и лажните вести сѐ повеќе се присутни во јавноста кога станува збор за Ковид-19 што може да влијае на одлуките што луѓето ги носат кога станува збор за лекување или заштита од корона вирусот. Ваквиот тренд на ширење лажни вести и дезинформации, не само во контекст на пандемијата, е состојба со која постојано се војуваат професионалните медиуми, но граѓански организации чија цел е спречување на ваквите појави и нивно разобличување.

На оваа тема разговаравме со Филип Стојановски, раководител на проектот КриТинк, од фондацијата „Метаморфозис“.

„Во контекст на пандемијата, проверката на факти како процес се покажа од исклучителна важност, бидејќи се спротивставува на дезинформациите заради кои луѓе може да одлучат да не побараат лекарска помош. Знаеме дека во многу случаи токму доцното почнување на лекување било причина за многу полоша клиничка слика, па дури и смрт. А за Ковид-19, како и за рак и други смртоносни болести, клучна е раната дијагностика. Исто така се важни и превентивните мерки, како вакцинирањето, против кое исто така се заговара од разни пропагандисти. Трет аспект е ширењето паника и недоверба во институциите, кое може да доведе и до насилство (како што видовме во САД). Уважувајќи ги напорите на над сто организации и членки, токму заради овие причини и бившата министерка за култура на Норвешка ја има предложено Меѓународната мрежа за проверка на факти како кандидат за Нобеловата награда за мир“, објасни Стојановски.

Што се однесува до надминување на состојбата со ширење лажни вести и дезинформации, Стојановски смета дека е потребно фактографско усвојување на знаења, процес кој треба да започне уште во најраните фази на образованието.

„Состојбата за постојано ширење дезинформации меѓу кои и лаги што се претставени како вести може да се надмине само заедничка работа на целото општество. Во првите редови се навистина проверувачите на факти и другите новинари кои ја применуваат проверката на факти, но и државните функционери, научниците, медицинарите, универзитетските професори и сите други наставници, интелектуалците и професионалците во сите други сфери кои може да направат разлика меѓу научно и ненаучно размислување. Критичкото мислење и способностите за анализа на информациите популарно наречени медиумска писменост се вештини што (би требало да) се учат од најраните фази на основно образование.

Дел од овие напори треба да се однесуваат не само на фактографско усвојување на знаења, туку и на воспитната улога на образованието – и формалното во училиштата и универзитетите, и неформалното преку граѓанските организации и медиумите. Подигање на личната одговорност за искажаниот збор, за споделената објава на Фејсбук, е во суштината и на професионалните новинарски кодекси и во она што секој од нас би требало да го усвои како дел од домашното воспитание“, додава Стојановски.

Денеска Фондацијата Метаморфозис го одбележа 2 април, Меѓународниот ден за проверка на факти под мотото „ проверката на факти може да спаси животи и ги поддржувам проверувачите на факти“.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ