• Latest
Протест за Монструм, 2 април 2021/ Фотгографија Огнен Бошњаковски

Преглед на настани: Мирно на протестите за “Монструм”, не сме заштитени веднаш по вакцинирањето, ЦИВИЛ со вебинари за медиумска писменост

April 2, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Мирно на протестите за “Монструм”, не сме заштитени веднаш по вакцинирањето, ЦИВИЛ со вебинари за медиумска писменост

April 2, 2021 16:54
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Протест за Монструм, 2 април 2021/ Фотгографија Огнен Бошњаковски

Протест за Монструм, 2 април 2021/ Фотгографија Огнен Бошњаковски

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Д-р Гроздановска: По примање на вакцината не сме заштитени веднаш, потребен е одреден временски период

По примање на вакцината против Ковид-19, една од најважните работи е дека вие не сте заштитени, потребен е одреден временски период да бидете заштитени. Во зависност од различни вакцини и нивниот механизам на делување, најмалку две до три недели за да почнат да се создаваат антителата, но комплетно заштитена индивидуа е две недели после втората доза, информира на денешниот брифинг д-р Александра Гроздановска Фармацевтскиот факултет при УКИМ и претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство.

Тоа е важно, бидејќи, како што сподели таа, искуствата покажуваат дека голем дел од недовербата на вакцините се должеше на тоа што пациенти кои ја примиле вакцината, неколку дена после вакцината развиваат Ковид, а тоа, потенцира, не се должи на неефикасноста на вакцината, туку на непрактикувањето на превентивните мерки и очекувањата дека вакцината ќе делува веднаш во првите два, три дена.

– Во однос на тоа колку време по прележан ковид може да се прими вакцината. Не може да се заземе апсолутен критериум, бидејќи секоја индивидуа не го проаѓа Ковидот на ист начин со иста патологија и иста клиничка слика. Основен принцип е најмалку еден месец после прележувањето на Ковидот, но збориме кај комплетно оздравена индивидуа или шест месеци по прележувањето, бидејќи тогаш очекуваме дека титарот на антитела иако тоа не значи секогаш параметар, но веќе може да ја прими вакцината, вели д-р Гроздановска.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ:

По повод Меѓународен ден на проверка на факти, Филип Стојановски, раководител на проектот КриТинк, од фондацијата „Метаморфозис“ истакна дека дезинформациите и лажните вести сѐ повеќе се присутни во јавноста кога станува збор за Ковид-19 што може да влијае на одлуките што луѓето ги носат кога станува збор за лекување или заштита од корона вирусот

„Во контекст на пандемијата, проверката на факти како процес се покажа од исклучителна важност, бидејќи се спротивставува на дезинформациите заради кои луѓе може да одлучат да не побараат лекарска помош. Знаеме дека во многу случаи токму доцното почнување на лекување било причина за многу полоша клиничка слика, па дури и смрт. А за Ковид-19, како и за рак и други смртоносни болести, клучна е раната дијагностика. Исто така се важни и превентивните мерки, како вакцинирањето, против кое исто така се заговара од разни пропагандисти. Трет аспект е ширењето паника и недоверба во институциите, кое може да доведе и до насилство (како што видовме во САД). Уважувајќи ги напорите на над сто организации и членки, токму заради овие причини и бившата министерка за култура на Норвешка ја има предложено Меѓународната мрежа за проверка на факти како кандидат за Нобеловата награда за мир“, објасни Стојановски.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ денеска и утре (2 и 3 април) ќе одржи уште два бесплатни вебинари за граѓанско новинарство и медиумска писменост, со почеток во 13 часот. Вебинарите ќе траат до 16:30 часот. За учество на вебинарот, потребно е да се пополни онлајн АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО.

Можност за учество имаат сите заинтересирани што сакаат да стекнат нови информации и вештини од областа на новинарството, медиумската писменост и начините на кои можат да се вклучат во работата на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ – Центар за слобода во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, организира панел дискусија „На „балот“ за човековите права на Ромите“, која ќе се одржи на 06 април 2021 година, вторник, во хотелот Сити Парк (спроти Фонтана, Градски парк), во Скопје, со почеток во 13 часот.

На дебатата се поканети претставници од власта, граѓански активисти, Народен правобранител, МТСП.

Ром(к)ите честопати се мета на најразлични предрасуди и осуди од општеството, истовремено заборавени од институциите и политичарите, кои се посетувани единствено во време на предизборието. Во фокусот на панел дискусијата, ЦИВИЛ повторно ќе праша – Кој ги тркала Ромите сите овие години наназад? Што е со сите (празни) ветувања? До кога ќе започнуваме процеси на нивна интеграција во општеството на кои крајот не им се гледа?

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРОТЕСТ Семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“ денеска повторно протестираат во Скопје. Протестниот марш започна од Чаир во 14 часот. Протестите за Монструм, овојпат поминаа во мирна атмосфера и успеа да заврши пред Владата. Протестот помина без инциденти. Претходните протести против пресудите во случајот „Монструм се одржаа на 26 февруари, а поворката беше блокирана со полициски кордон кај ТЦ Мавровка.

СОС ЛИНИЈА Од денеска во канцелариите на Народниот правобранител во функција е бесплатната телефонска СОС линија за деца 0800 88 500. На оваа линија децата ќе можат да се јавуваат и да бараат совети од стручните лица или пак да укажат на евентуална повреда на нивните права.

ИЗВЕШТАЈ Бугарија да ги спроведува своите закони еднакво за сите етнички групи во земјата, меѓу кои и македонската и да изнајде решение на отворените прашања со Северна Македонија, бидејќи блокадата на пристапувањето на соседот во ЕУ „ризикува дестабилизација во регионот“, изјавија денеска за МИА од американскиот Стејт департмент, а поврзано со најновиот извештај за состојбата на човековите права во соседната земја.

ЛАЖНА ВЕСТ На социјалните мрежи се шири лажна вест, монтажа и манипулација за некакви наводни партиски списоци со кои се повикуваат членови на СДСМ да се пријават на приоритетна листа за вакцинирање. Од СДСМ демантираат дека има такви списоци и оваа лажна вест ќе ја пријават до надлежните институции.

ОДБРАНА Со интонирање на државната химна и химната на Армијата на Република Северна Македонија, денеска во Касарната Илинден во Скопје почна, свеченоста по повод Денот на Првата пешадиска бригада, на која присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на бригадата, бригаден генерал Бесник Емини.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Секоја година, на 2 април се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизам во светски рамки. Основна цел е поддршка во подобрувањето на квалитетот на живот на луѓето што страдаат од аутизам. Неизоставен дел е и борбата против дискриминацијата, славењето на разноликоста на општествата и зајакнување на вложувањето за целосно вклучување на луѓето со аутизам во рамките на општеството.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Убаво е што го сменивме името и нашата земја од бивша стана сегашна, макар и северна, но некој треба и да работи, така и да остане – сегашна и идна, а не бивша.

Во разни софтвери и на интернет сѐ уште можеме да го сретнеме старото име на нашата земја – Поранешна југословенска република Македонија или само кратенката ПЈРМ, односно ФИРОМ или Фајром. Навистина, голем број големи компании веќе ги имаат Macedonian (за јазикот) и North Macedonian (за државата), наместо понижувачкото FYROM што го имавме на грбот речиси три децении, до пред две и кусур години… Но, неретко се среќаваме и со ситуации во кои, кога ќе ја одберете опцијата за јазик, наместо Macedonian, стои FYROM.

Може лесно да се претпостави дека во описот на работата на одредени институции или министерства стои и обврската да се грижат за овие работи. До сега имаа време да ја организираат замената на Фиром со Северна Македонија за земја и со македонски за јазик. Таа можност ја имаат уште од почетокот на 2019 година, откако беше променет и Уставот. Секако и сегашниот министер за надворешни работи би можел да се обиде да ја заврши работата, особено затоа што веќе има искуство во прегледување на табли со натписи“, пишува Џабир Дерала во рафалот со наслов „FYROM“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ