• Latest
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

FYROM

April 2, 2021

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

FYROM

April 2, 2021 08:45
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Убаво е што го сменивме името и нашата земја од бивша стана сегашна, макар и северна, но некој треба и да работи, така и да остане – сегашна и идна, а не бивша.

Во разни софтвери и на интернет сѐ уште можеме да го сретнеме старото име на нашата земја – Поранешна југословенска република Македонија или само кратенката ПЈРМ, односно ФИРОМ или Фајром. Навистина, голем број големи компании веќе ги имаат Macedonian (за јазикот) и North Macedonian (за државата), наместо понижувачкото FYROM што го имавме на грбот речиси три децении, до пред две и кусур години… Но, неретко се среќаваме и со ситуации во кои, кога ќе ја одберете опцијата за јазик, наместо Macedonian, стои FYROM.

Може лесно да се претпостави дека во описот на работата на одредени институции или министерства стои и обврската да се грижат за овие работи. До сега имаа време да ја организираат замената на Фиром со Северна Македонија за земја и со македонски за јазик. Таа можност ја имаат уште од почетокот на 2019 година, откако беше променет и Уставот. Секако и сегашниот министер за надворешни работи би можел да се обиде да ја заврши работата, особено затоа што веќе има искуство во прегледување на табли со натписи.

Или, немат љуге, што би рекле нашите охриѓани. Или немаат време, многу работа имаат, па кутрите немаат време за овие „ситници“. Според мене, не е ситница. Секојдневно го среќаваме тоа Фиром. Дури и на места каде што не се бара локација, туку јазик, некои апликации ја користат злогласната кратенка.

Не сум експерт во ова, но веројатно е доволно да се прати некое писмо до една или неколку меѓународни институции во кои, кога компаниите ќе побараат податоци, ќе го добијат и нашето име, а не застарената кратенка за државата.

Сеедно, ако министрите немаат одговорност (читај: намера) да одработат тоа што треба, за да се исправи оваа грешка, можеби треба да го побараме премиерот. Тој секако ќе ја заврши работата, не гледајќи на часовникот и работното време.

Или можеби некој сега ќе се сети да формира уште една неефикасна, ама затоа скапа работна група, комисија или агенција, по можност на церемонијален настан на кој ќе бидат поканети шминкерите од невладиниот сектор, великите аналитичари, да потпишат меморандум за соработка со владата.

На крајот, како и да нѐ нарекуваат во апликациите, во софтверите, во комуникациите кои не познаваат граници, но секако знаат што е идентитет и го уважуваат, рамноземците и антиваксерите ќе се сетат и тоа да го бојкотираат. Но тие се Фиромски патриоти, му припаѓаат на минатото, па затоа не мора многу да ги мислиме. Дајте да видиме како ќе ја одбележиме 30-годишнината од нашата независност како држава.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ