• Latest

Продолжува масовната имунизација против Ковид-19, на првиот ден вакцинирани околу 3000 лица

April 6, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Продолжува масовната имунизација против Ковид-19, на првиот ден вакцинирани околу 3000 лица

April 6, 2021 09:28
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и денеска продолжува масовната имунизација на населението против Ковид-19, што стартуваше вчера за кога беа закажани 3000 термини. Имунизацијата се одвиваше според планираното и вчера сите пријавени примиле вакцина.

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа оцени дека одлично поминал првиот ден од вакцинацијата во А1 Арената „Борис Трајковски“ и оти во просек се вакцинирале околу 300 лица на час, односно околу 3000 дневно.

-Денеска се вакцинираа дел од здравствените работници како и еден дел од припадници на МВР. Утре продолжува вакцинацијата на МВР и започнува на припадниците на АРМ. Колегите ме информираат дека целиот систем функционира беспрекорно и тоа многу ме радува. Да бидеме максимално претпазливи во неделите што следат и да ги почитуваме мерките без исклучок, објави синоќа на ФБ Филипче, потсетувајќи дека од денеска стапуваат во сила поригорозни мерки и повика сите да дадеме придонес во битката со пандемијата.

фото: МИА

Вчера во А1 Арената пријавените лица беа вакцинирани со руската вакцина „Спутник В“. Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од т.н. критична инфраструктура – вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.

На терен работи тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени. Во салата се одредени места каде вакцинираните се под опсервација 15 до 20 минути. На самото место има екипи на Итна медицинска помош, доколку има потреба да интервенираат.

Џансон Лукувац, студент по медицина, кој работи на административниот дел при вакцинацијата, за МИА изјави дека се е доста добро организирано и оти нема непосакувани реакции кај граѓаните кои се вакцинираат. Во одос на третманот и препораките по првата примена доза, тој посочи дека не се очекуваат побурни реакции.

– Само доколку има болка или покачена температура да се употребат антиперетик или аналгетик. Доколку се јават некои побурни реакции ќе се обратат кај нивните матични доктори или на повисока инстанца, нагласи Лукувац.

Аида Мемишовска, медицинска сестра од Центарот за јавно здравје за МИА посочи дека вакцинацијата се одвива според планот. Таа упати апел до сите граѓани да се вакцинираат за Ковид-19. Во однос на тоа дали кај некое лице имало несакана реакција откако ја примило вакцината, Мемишовска посочи дека на едно лице му се слошило, но од страв.

Министерот Филипче, вчера исто така посочи дека антитителата како количина не се репер за тоа дали треба да се добие вакцина или не, односно нема долна граница. Дополнително зависи од апаратот на кој се работи и институцијата. Во принцип ставот е дека после два или три месеци од прележувањето на болеста може да се прими вакцина против Ковид-19.

фото: МИА

– Некогаш останува таканаречениот клеточен имунитет, а тоа значи дека веднаш кога ќе дојде повторно во контакт организмот ќе почне да лачи антитела кои во даден момент можеби се немерливи, посочи Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.

Во однос на вакцината „Астра Зенека“, Филипче рече дека таа сега им се дава на повозрасни граѓани и нема никаква контраиндикација. Вакцинацијата продолжува и нема причина да запре, додаде министерот, а се чекаат насоки дали оваа вакцина ќе им се дава и на помлади од 60 години.

– Ние ќе го чекаме официјалниот став на Европската агенција за лекови – ЕМА чиј борд ќе заседава помеѓу 6 и 9 април и, согласно одлуката, и ние ќе постапиме. Засега добро се одвива вакцинацијата на постари граѓани со „Астра Зенека“ и нема никаква контраиндикација или некоја препорака за внимателност, рече Филипче.

Посочи дека некои национални агенции се внимателни – Германија запрела со „Астра Зенека“ и помлади лица што примиле прва доза од таа вакцина, добиваат втора доза од друг тип вакцина, пр. „Фајзер“.

Филипче, на прашањето на МИА на што треба да внимаваат оние граѓани кои примиле „Астра Зенека“, дали треба да направат некаква контрола или крвна слика и како да ги препознаат симптомите на нус појавите од вакцината, подвлече и дека нема простор за паника, вакцината „Астра Зенека“ е безбедна и граѓаните треба да бидат спокојни,

-Не, нема никаква препорака дека кој било граѓанин кој примил таква вакцина треба да прави нешто во смисла на превенција. Во делот на давањето вакцина, како што кажав, ќе ги чекаме препораките, меѓутоа нема простор за паника, вакцината е безбедна, тие тромботични ефекти се толку ретки што се споредуваат со тромботични ивенти и кај тие исти групи на граѓани според возраста и полот и согласно други здравствени состојби така да граѓаните треба да бидат спокојни, одговори Филипче.

Во моментов во земјава има препорака со вакцината Астра Зенека да не се вакцинираат лица под 60 години, согласно препораките што беа издадени во Канада и Германија минатата недела.

И премиерот Зоран Заев повика на масовна имунизација на населението. Нагласи дека никој не треба да се мисли да се имунизира и додаде дека сите ќе треба да го почитуваме редот, да се пријавиме преку своите матични лекари во системот за вакцинација за, како што рече, на најефикасен начин да се избориме со пандемијата.

-Не сакаме да го нарушиме редот на имунизација со тоа што сме високо позиционирани во општеството со својата општествена функција. Јас и министрите ќе бидеме пример за да ги охрабриме граѓаните да се вакцинираат против корона вирусот, но сакаме да го испочитуваме редот и редоследот на вакцинацијата и предност да им дадеме на повозрасните граѓани и хронично болните, паралелно со најекспонираните и нај изложените на пандемијата, порача вчера Заев.

Посочи дека вакцината е борбата против пандемијата и ќе биде успехот на победата над пандемијата што ќе ја постигнеме.

Процесот на имунизација против корона вирусот во земјава почна 16 февруари со вакцинирање на здравствените работници.

Во државава досега пристигнаа 78.000 вакцини, од кои 48.000 се донација од српската Влада.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ