• Latest

За да го претркаме вирусот потребна е стратегија што овозможува правичен пристап за сите, порачуваат од УНИЦЕФ

April 6, 2021
Фотографија: Колаж/АП

Шенжен: Трамп повика на дијалог, Си на соработка, Путин на заедничко решавање конфликти

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

За да го претркаме вирусот потребна е стратегија што овозможува правичен пристап за сите, порачуваат од УНИЦЕФ

April 6, 2021 19:53
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

За да го претркаме вирусот и за да забрзаме, мора да следиме стратегија за вакцинирање на работниците од првите редови, но, да се стремиме кон стратегија што навистина овозможува правичен пристап за сите, изјави извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор.

Во таа насока, од УНИЦЕФ апелираат до владите, претпријатијата и партнерите да преземат три итни активности. Најпрво, во насока на вакцините, препорачуваат да се поедностават правата на интелектуална сопственост преку доброволно и проактивно лиценцирање од страна на носителите на правата на интелектуална сопственост со што, велат, дека ваквиот предизвик не налага присилно откажување од интелектуалната сопственост, туку, проактивно партнерство и соработка. Оттаму ги посочуваат скорешните производствени партнерства како што се Фајзер-БиоНтек, АстраЗенека, Серумски Институт Индија, Џонсон и Џонсон-Мерк и Џонсон и Џонсон-Аспен, кои, според нив, се охрабрувачки примери. Па, така, УНИЦЕФ ги повикува другите да го следат примерот, да ги зголемат обемот и географската разновидност на производствениот капацитет.

Второ, од УНИЦЕФ велат дека треба да ставиме крај на национализмот во однос на вакцините.

– Владите треба да ги отстранат директните и индиректните мерки за контрола на извозот и увозот со кои се блокира, се ограничува или се забавува извозот на вакцини, состојки и материјали за КОВИД-19. Вирусите не почитуваат граници. Да се победи КОВИД-19 во секоја од нашите матични земји, значи тој да се победи во целиот свет така што ќе се обезбеди постојан проток на вакцини и материјали за сите, стои во соопштението.

Дополнуваат дека владите што се договориле да добијат повеќе „идни дози“ отколку што е потребно, за вакцинирање на целото нивно возрасно население оваа година, треба на КОВАКС веднаш да му позајмат, пуштат или да му донираат поголем дел или сите од своите вишок договорени дози за 2021 година, за тие рамномерно да се распределат меѓу другите земји.

– Освен тоа, земјите со доволна моментална снабденост на произведени дози треба да размислат веднаш да донираат барем 5 отсто од своите достапни произведени дози и да се заложат за натамошен континуиран и тековен придонес низ целата година, зголемувајќи го придонесот во согласност со растечката снабденост. Така, потврдувањето на ваквите заложби за споделување на дозите ќе ја подобри предвидливоста, ќе го забрза правичниот пристап и ќе помогне да се стабилизира глобалниот пазар на вакцини, дополнуваат од УНИЦЕФ.

Заклучуваат дека со пандемијата на Ковид-19 на сите ни стана јасно дека никој не е безбеден сѐ додека сите не се безбедни. Затоа, според нив, обезбедувањето правичен пристап до вакцините против Ковид-19 е во наша моќ затоа што сметаат дека докажавме дека светот може да се здружи за да го направи незамисливото и треба тоа пак да го направиме.

– Колку поскоро, толку побрзо нашиот живот и животот на нашите деца ќе се вратат во нормала, порачуваат од УНИЦЕФ.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ