• Latest
Петрит Сарачини

Верските лидери и државниот врв со заеднички пораки, се обединуваме ли конечно во борбата против пандемијата?

April 8, 2021
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Верските лидери и државниот врв со заеднички пораки, се обединуваме ли конечно во борбата против пандемијата?

April 8, 2021 18:31
in КОВИД-19, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Во овие тешки денови, кога вирусот КОВИД-19 коси и секојдневно нè потресуваат лоши вести за голем број наши починати и заразени сограѓани, пријатели, роднини, охрабрувачка е веста за средбите на верските лидери со претседателот и премиерот на државата и заедничките пораки за почитување на мерките, внимателност и заедништво во борбата со страшната пандемија.

Овие пораки даваат надеж, особено ако ги имаме предвид начините, на кои некои верски лидери и во нашата земја и во регионот се однесуваа кон опасната зараза во изминатата година.

Не можеме да заборавиме дека некои од нив ја прогласуваа короната за „умрено“, си тераа масовни верски прослави, ифтари, причести, литии, молитви…Некои од нив го платија данокот на нивната ирационалност и не се повеќе на овој свет, а сепак таквото однесување на дел од верските институции и лидери продолжуваше, па и се засилуваше.

Да биде работата уште пострашна, мерките што ги преземаа државните институции беа користени за создавање на поделби меѓу луѓето, глупави „споредби“ и лажни обвинувања за наводна привилегираност на една или друга верска заедница, кои се прелеваа меѓу верниците и создаваа верска и меѓунационална нетрпеливост и омраза.

Дежурните хушкачи, особено на социјалните мрежи, врескаа дека државата намерно воведува ограничувања кон една, а привилегира друга верска заедница. И сето тоа, додека вирусот не прашуваше ниту за вера, ниту за нација, пол, раса, и одзеде неселективно стотици човечки животи.

Таквите обвинувања заживеаја и оваа пролет, веднаш по најавата на институциите за заострување на мерките откако бројките на заразени и починати почнаа рапидно да растат, во пресрет на големите христијански и исламски празници, кои годинава се во речиси ист временски период.

Па така, повторно, за едните мерките се за да се ограничи движењето на муслиманите за време на Рамазан и Бајрам, а за другите – дека тоа се прави намерно за да се ограничи прославувањето на Велигденските празници. Лудило.

Затоа, во време кога иднината на борбата со пандемијата и животите на многу наши сограѓани зависат најмногу од вербата во масовната вакцинација која конечно започна и кај нас и од строгото почитување на мерките, заедничките пораки на државните и верските институции треба да се поздрават и охрабрат.

Иако ова обединување и пораки доаѓаат доцна и после голем број загубени човечки животи, нетрпеливост, поделби и омраза, подобро и да е доцна, отколку никогаш. А дали оние што денес испратија обединувачки пораки ќе си достојат на зборот, ќе видиме набргу.

Ене ги и Велигден, и Рамазан и Бајрам. Да се надеваме дека ќе ги чествуваме во слога и меѓусебно разбирање, со што помалку човечки жртви, кои нè болат сите. Дали ќе биде така, во земја во која има голем процент на религиозни луѓе, во голем дел ќе зависи не само од институциите и авторитетот на државата, туку и од однесувањето и пораките на верските лидери.

 


НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Creative Commons 4.0

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ