• Latest

Организаторите на настани повторно на протест пред Влада

April 12, 2021

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Организаторите на настани повторно на протест пред Влада

April 12, 2021 11:02
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во 12 часот пред зградата на Владата ќе се одржи протест на компаниите од индустријата за организација на настани.

Тие најавуваат дека во континуитет ќе протестираат, секој ден од 12 до 15 часот, сé до постигнување на взаемно прифатливо и одржливо решение.

Најавуваат прес-конференција во 13 часот, каде уште еднаш ќе ги образложат барањата и ќе елаборираат зошто тоа што Владата деновиве го претставува како помош, ниту е помош ниту е планирано да бидат опфатени сите засегнати компании.

Потсетуваат, според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62,103% за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс.

Во нивниот вчерашен пост на Фејсбук, пишува: „Денес во медиумите беа објавени написи со претставници на Владата, посветени на нашата дејност, преку кои се добива целосно неточна слика за таканаречената помош.

Во интерес на вистината, да зборуваме со факти а не со ПР флоскули.
На самиот почеток, вицепремиерот Битиќи вели – „Обезбедивме еден милион евра неповратни финансиски средства за организација на најмалку 40-тина настани, за чија реализација очекуваме да бидат ангажирани повеќе од 100 компании…„

Се разбира дека кога некој најмува организатор за некој настан, средствата што ги плаќа се неповратни, како и за секој друг настан. Не гледаме каков подвиг направиле и зошто уште на самиот почеток се потенцира зборот неповратни. Тоа не се неповратни средства туку исплата за услуга што е побарана и завршена.

Понатаму во текстот се вели: „Целта е да се поддржат компаниите да продолжат да работат, да се поттикнат да го прифатат предизвикот да се прилагодат на променетите услови и да го искористат својот креативен капацитет за да креираат содржина во која сите ќе можеме да уживаме, како што тоа го прават години наназад„.

Компаниите во ивент индустријата немаат проблем со својот креативен капацитет, туку со неможноста да работат. Имаат проблем бидејќи не е возможно да се направи настан заради бројот на заболени и бројот на секојдневно починати, заради немањето на вакцини и најнизок процент на имунизација во регионот, заради препораките што секојдневно ги слушаме да не се групираме и да избегнуваме места каде што има поголеми групи на луѓе. Настаните се колективна енергија, настаните се искуство и ние точно знаеме што тоа значи. Ние немаме проблем да креираме содржини, туку истите да ги спроведеме во овие услови и притоа тоа да биде финансиски одржливо.
Таканаречената помош ќе се спроведе преку конкурс, а ќе треба да се конкурира на зададена тема, т.е. 30 години независност и 20 години рамковен договор. Тоа не е помош со неповратни средства или грантови за нашата индустрија, туку конкурс за ангажман на организатори за содржини за Владата. Ваквите конкурси требале да бидат пракса и во минатото, како и за секоја друга јавна набавка платена со народни пари. Зошто тоа не било така, ќе анализираме во некои идни времиња.

За конкурсот не знаеме детали, ниту кои ќе бидат точните критериуми, ниту која комисија ќе ја оценува подобноста или квалитетот на пријавените концепти, ниту кој се ќе има право да конкурира.

Велат дека ќе бидат финансирани најмалку 40 настани а „помош„ ќе добиеле повеќе од 100 компании. Значи потврдуваат дека ќе добијат само дел, оние одбраните, а не и сите компании. Каква е таа помош и по кој критериум ќе се доделува?
Ние како Асоцијација не ги делиме колегите по ниту еден основ и затоа остануваме на ставот дека ако се доделува помош, таа секако треба да биде под одредени услови, но да ја добијат сите компании.

Исто така, остануваме на ставот дека тоа што Владата ќе распише конкурс за организатори на нејзината програма за одбележување на значајни настани е добра пракса што треба да продолжи и во иднина но никако не прифаќаме истиот да се нарекува помош, бидејќи не е. Една компанија од добиените средства ќе потроши најмалку 85% за реализација на настанот. Очигледно постои тотално непознавање на индустријата штом се мисли дека со еден настан може компанијата да преживее или да ги покрие сите напластени обврски од цела една година забрана за работа.
Ние не сме неработници, кога би можеле да бираме, секако ќе одбереме да работиме и сами да си заработиме, како што тоа и до сега сме го правеле. Кога некој би знаел да ни каже дали и кога ќе може да ги вратиме настаните, нема да има посреќни од нас.
Остануваме на ставот дека под итно треба помош за оваа дејност, правична и фер за сите, без поделби на подобни и неподобни. Затоа, ќе бидеме пред Влада секој ден од 12 до 15 часот, се додека не изнајдеме квалитетно решение прифатливо за сите!“

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ