• Latest

Досега вакцинирани 25.000 граѓани во СЦ „Борис Трајковски“

April 12, 2021

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Досега вакцинирани 25.000 граѓани во СЦ „Борис Трајковски“

April 12, 2021 12:21
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцинацијата во државата се одвива добро. Веќе се вакцинирани околу 25.000 граѓани во салата „Борис Трајковски“, а утре завршува вакцинација на вработените во критичната инфраструктура, согласно националниот план. Од среда, останатиот дел од 20 000 вакцини на Спутник, ќе бидат распределени по возрасни групи, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој посочи дека вакцинацијата со останатите вакцини на Спутник од среда ќе се одвива исто како што се одвива вакцинацијата од почетокот со вакцината на Астра Зенека, по вакциналните пунктови.

Министерот Филипче испрати апел до сите граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација „vakcinacija.mk“ за да сите податоци на пријавените граѓани влезат во системот Мој Термин и на тој начин да бидат регрутирани.

-Освен овој систем, кој исто така важи е и преку пријавување кај матичните лекари, кои имаат обврска да ги анкетираат своите пациенти, посебно оние постарите, кои треба да го изразат интересот за вакцинација. Значи од среда вакцинацијата ширум државата продолжува по возрасните категории, како ќе доаѓаат понатаму вакцини, ќе се надополнуваат двата системи, додаде Филипче.

Приоритет имаат постарите граѓани, но продолжуваат и во делот на критичната инфраструктура.

Како што посочи, вакцинирани се целосно сите оние кои имаат најголем ризик и кои практично учествуваат во менаџирање на кризата од почеток, припадници на МВР, Армијата, вработените во училиштата, односно наставнички од прво до трето одделение, МТСП во делот на градинките, негувателките и воспитувачите, понатаму правосудството, денеска е групата на вработени во Собрание, во техничките служби, а го очекува и интересот од страна на претседателот на Собрание во делот на вакцинација на пратениците.

Денеска се вакцинираат околу 600 новинари, и тоа оние од критичната група над 40 години, и луѓе кои се со хронични болести. Вакцинацијата е организирана во соработка со ЗНМ, ССНМ и Министерството за здравство.

Младен Чадиковски од Здружени на новинарите на Македонија (ЗНМ) посочи дека се надева оти во следната фаза ќе се вакцинираат и останатите медиумски работници.

-Она што е особено значајно е дека сите овие медиумски работници беа во допир, близок контакт со вирусот, но имаа и контакти со многу луѓе и мислам дека овој тип на заштита е значаен затоа што ќе биде заштита не само за личното здравје туку ќе биде и заштита и за останатите луѓе кои имаат постојани контакти новинарите, рече Чадиковски.

Тој појасни дека оваа стратегија за вакцинирање на оваа работно способно население дека дава добри резултати, и ќе дава добри резултати особено во медиумите каде што постојано гравитираат многу луѓе и од самите вработени но, како што потенцира, и од гости кои се постојано присутни во медиумските куќи.

Посочи дека организацијата беше добра и во ниеден момент не се создадоа поголеми редици или колони.

Тамара Грначаровска од Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ) рече дека и е мило за големиот одзив кај новинарите и се надева дека вакцинацијата ќе продолжи и сите новинари ќе бидат вакцинирани.

-Мило ми е што имаше навистина имаше голем одзив кај новинарите и кај сите вработени во медиумите, останаа многу колеги кои изразија интерес но кои не го исполнуваа условот во оваа група да бидат вакцинирани. Се надевам дека вакцинацијата ќе продолжи и дека сите ќе успееме да добиеме вакцини бидејќи се покажа дека новинарската професија е една од првите професии кои се во контакт со луѓе кои се заразени. Имавме многу колеги кои се заразени, имавме и смртни случаи, имаме колеги кои се хоспитализирани, или во изолација и се надевам дека ќе успееме сите новинари и мед работници да ги заштитиме од короната, рече Грнчароска.

Во текот на денот, како што информира Филипче, се очекува да пристине донација од 2000 кинески вакцини. Пратката е веќе во Софија и е организиран транспортот до Скопје.

Прашања дали бремените жени ќе се вакцинираат, Филипче рече оти сите препораки треба да дојдат од стручниот тим кои што работи на вакви анализи.

-Сите препораки ќе дојдат од стручниот тим кој што ги работи анализите врз основа на публикација, ако има некоја категорија на граѓани да бидат внимателни, тогаш ќе има таква препорака односно ќе бидат приоретизирани, посебно на една ваква осетлива категорија, а овие денес вакцини кои што ќе дојдат, ќе бидат додадени на сегашниот систем на вакцинирање на граѓаните по возраст, рече Филипче.

Тој појасни дека хронично болните ќе се вакцинираат согласно возрасната група, затоа што има навистина голема бројка и во таа смисла приоритетот се дава според возраста.

-Во секоја возрасна категорија, од 50 години нагоре, па секои пет следни, огромна е бројката на пациенти со хронични заболувања, така да сега продолжуваме по возраст и соодветно по доаѓањето на вакцините ќе се намалува возраста, рече министерот.

За тоа кога ќе се очекува да се вакцинираат работници во маркетите, но и таксистите, Филипче рече дека апсолутно го сфаќа интересот за вакцинирање, но испрати апел сите да бидат трпеливи.

-Кај сите други апсолутно го сфаќам интересот, но апелирам на трпение. Исто како и сите други вработени кои имаа приоритет, апсолутно апелирам и на разбирање, и на трпение, ќе има вакцини за сите, април е месец кога ќе треба да доаѓаат, така да нека се пријават ќе бидат повикани, како ќе доаѓаат вакцините ќе се пополнуваат двата механизми, рече Филипче.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ