• Latest

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Филипче, Заев, Гаши, Села…

April 12, 2021
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Филипче, Заев, Гаши, Села…

April 12, 2021 19:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека ситуацијата со вирусот КОВИД-19 будно се следи и дека има доволен број слободни болнички кревети, Премиерот Зоран Заев за вмешаноста на негов братучет во запленетата дрога како и за Шарената револуција, Гаши и Села за предлогот за Законот за државјанство.

Филипче: Се намалува бројот на новопримени пациенти во болниците, но будно ја следиме ситуацијата

„Има доволен капацитет слободни болнички кревети, се уште трае системот на ротација, координацијата во врска со приемите на пациенти помеѓу институциите, како во Скопје така и меѓу останатите болници и скопските, така што во таа смисла верувам дека трендот ќе продолжи, но ние сме се уште внимателни и будно ја следиме ситуацијата,“ рече Филипче.

Заев: Ако некој го прекрши законот ќе одговара, без разлика со кого е близок

„Впрочем, комбето има грчки регистарски таблички. Немам што да додадам, ниту да одземам, законот важи еднакво за сите. Александар може да дружи со мојот прв братучет колку сака, законот важи еднакво за сите. Или некој началник на полиција можел да биде на слика со соработник со Заев, со Спасовски, законот важи еднакво за сите. Заврши времето кога такви случаеви беа табу тема во нашата земја. Кој со кого сака нека е близок, дружел, пиел кафе заедно, го има на слики, ако го прекрши законот си одговара,“ изјави Заев.

„Шарената револуција“ е јасниот и гласен изблик на граѓаните дека никој не може да им ја одземе слободата и да ги зароби општеството и државата

„На истекот од петте години од почетокот на едно од најважните граѓански движења за демократија и правда, најважната придобивка од „Шарената револуција“ е јасниот и гласен изблик на граѓаните дека никој не може да им ја одземе слободата и да ги зароби општеството и државата и дека тие знаат да застанат во одбрана на овие вредности и да се спротивстават на брутален режим“, објави Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Континуираните, секојдневни и ненасилни протести низ симболот на боите го изразуваа обединетото граѓанско општество со знамињата во разни бои кои се вееја во долгите колони. Ова движење беше шарено во својата суштина, затоа што здружи граѓани со разни идеолошки убедувања, од различни политички партии, од најширокиот спектар на граѓанските организации од целата земја, од различни етнички заедници и какви било други припадности.

„Шарена револуција“ предизвика огромни промени во македонската политичка и општествена реалност. Процеси кои потоа поминаа низ институционалната рамка откако претходеа реформи во правосудството, во изборниот законик, во медиумите и во јавната администрација, изјави премиерот Заев.

Села и Гаши: Отворени сме за предлози за Законот за државјанство

„Да, ќе се понуди едно решени кој повторно ќе биде објект на следната средба за да се претвори во текст каде ќе бидат предвидени неколку докази – свидетелство, фактура од сметка за струја и др, од кој доволно ќе биде да се исполни еден и по автоматизам на овие граѓани ќе треба да им се потврди државјанството. Важен е пристапот, “ рече Села.

„ Една проблематика е тоа дека треба да се утврди оти една голема група на граѓани биле жители тука, но со државјанство на Југославија и во време кога Македонија стана суверена тие не успеале да аплицираат (за државјанство). Друга клучна тема е и употребата на јазиците. Сигурно и во ова насока ќе побараме да се почитува Законот за јазици. Имаме две пракси, првото е Законот за јазици и европските стандарди. Врз основа на овие две критериуми ќе треба да изнајдеме решение,“ изјави Гаши.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ