• Latest

Маричиќ: Пет години подоцна, да погледнеме каде биле тогаш, а каде се денес главните луѓе на режимот

April 13, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Маричиќ: Пет години подоцна, да погледнеме каде биле тогаш, а каде се денес главните луѓе на режимот

April 13, 2021 15:11
in ИЗЈАВИ, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

-Настаните поврзани со Шарената револуција, по мое мислење, го сменија текот на  историјата на нашата држава, го сменија правецот по кој што се движеше политичката криза, и мислам дека тоа беше точката која ја прелеа чашата кај сите, или кај огромен број граѓани по повод режимот на Груевски. Да не заборавиме што беше поводот, за Шарената револуција, тоа беше потпишувањето на масовната аболиција за сите оние коишто беа под некаква истрага, или што имаа некаков случај  од поранешното Специјално јавното  обвинителство. Чинот на аболиција, или желба, со политички акт да се укине борбата за правда и слобода беше повод  луѓето масовно да излезат на улиците, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ, на одбележувањето на Пет години Шарена револуција, во организација на ЦИВИЛ.

-И тоа никогаш не треба да го заборавиме, која беше намерата на режимот на Груевски, преку тогашниот претседател Иванов да го направи тоа што го направи. Мислам дека тој чин имаше сериозни последици, тие последици ги чувствуваме и до ден денес, но мислам дека токму затоа е важно, тоа што граѓаните се спротивставија отворено, видливо и долготрајно на тој чин.

Пет години подоцна, да ја погледнеме листата на главните луѓе на режимот, каде биле тогаш, а каде се денес, без да навлегувам во поединечни имиња, меѓутоа, сите сме свесни за тоа каде се денес најмоќните луѓе од тоа време. Кој е во затвор, кој е во притвор, кој е во бегство, и тоа е придобивка на нашиот систем, на какво-такво независно судство, иако сме далеку од идеално, далеку сме од ситуацијата во којашто би требало да бидеме. Дали е доволно тоа што е направено, секако многумина ќе кажат – не, меѓутоа мислам дека и тоа како е направено до сега, во однос на тоа. Сигурен сум дека би биле сите позадоволни кога случаите од поранешното Специјално обвинителство би биле расчистени порано, или некои од тие не би биле блиску до застарување, меѓутоа не можеме да се враќаме назад, и верувам дека судството во рамките на своите одговорности и надлежности, ќе си ја заврши својата работа, што и беше целта, на нашиот ангажман во тој период.

Со Законот за Јавно обвинителство којшто беше донесен минатата година, се превенираше стопирање и затворање на случаите на поранешното СЈО, во меѓувреме, мислам дека дел од оние луѓе што беа симбол на заробената држава и заробеното судство не се повеќе во тој систем, така што мислам дека во тој дел, навистина треба да се признае дека значаен дел од работите за коишто се протестираше, е успешно завршен, со заеднички потфат на целото општество, на сите институции, и со поддршка од граѓаните.

обработка на текст: Дијана Тахири

монтажа: Ариан Мехмети 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ