• Latest
Photo by Michal Czyz on Unsplash

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Ивановска, Филипче, Маричиќ, Димковска…

April 13, 2021

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Ивановска, Филипче, Маричиќ, Димковска…

April 13, 2021 19:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Photo by Michal Czyz on Unsplash

Photo by Michal Czyz on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Ивановска: Неопходен е законот за потекло на имотот

„Неопходен е законот за потекло на имот, кој ќе побара информации секој граѓанин да докаже од каде му е имотот, врз основа на што го стекнал, дали е наследство, дали го купил, некој му го подарил или како било. Советот на Европа не поддржува, ни обезбеди консултант со кој ќе го започнеме процесот за подготовка на овој закон, тоа е број еден потребен закон во државава“, рече претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.

Филипче: Со законски измени се предлага изедначување на цените за лекување ковид пациенти во приватните болници со оние на ФЗО

„Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид-пациенти во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани“, напиша Филипче.

Маричиќ:  Пет години подоцна, да погледнеме каде биле тогаш, а каде се денес главните луѓе на режимот

„Настаните поврзани со Шарената револуција, по мое мислење, го сменија текот на  историјата на нашата држава, го сменија правецот по кој што се движеше политичката криза, и мислам дека тоа беше точката која ја прелеа чашата кај сите, или кај огромен број граѓани по повод режимот на Груевски. Да не заборавиме што беше поводот, за Шарената револуција, тоа беше потпишувањето на масовната аболиција за сите оние коишто беа под некаква истрага, или што имаа некаков случај  од поранешното Специјално јавното  обвинителство. Чинот на аболиција, или желба, со политички акт да се укине борбата за правда и слобода беше повод  луѓето масовно да излезат на улиците“, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ, на одбележувањето на Пет години Шарена револуција, во организација на ЦИВИЛ.

Димковска: Борбата да го кажеш своето мислење без страв е моја лична Шарена револуција

„Сметам дека треба да се направи уште многу, да критикуваме, кога треба да се критикува и да поддржиме кога тоа е неопходно. Треба да сме свесни за тоа каде живееме и реално каде живееме. Затоа критиките пред сè, посебно сега во време на пандемија, треба да ги упатиме кон нас затоа што уште не сме созреани да преземеме лична одговорност“, вели Димковска, за пет години по Шарената револуција.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ